Нов делириум со Дуплантис, по 12-ти пат го урна светскиот рекорд

Арманд Дуплантис си поигрува со дисциплината скок со стап. Шведскиот скокач успеа да испише нова страница во спортската историја.

Foto: EPA

На митингот од Дијаманската лига во Стокхолм, што е домашен терен за Дуплантис, скокна 6,28 метри и со тоа стигна до светски рекорд број 12 во својата кариерата.

Популарниот 25 годишен скокач познат под прекарот Мондо, 12-ти пати го соборува својот светски рекорд, а овој пат првиот ривал го остави на 38 см зад себе.

Кога сфати што направи, камерата едвај успеа да го додржи во кадар, бидејќи демонстрираше фудбалска прослава.

Прво ја соблече маицата, почна да трча кон трибините и право кај својата атрактивна девојка Дизајер Ингландер.

За оваа победа, Дуплантис ќе добие 20.000 долари, а со секој соборен светски рекорд е награден со дополнителни 100.000 долари.

Прашање на време е кога ќе тргне по висина од 6,29 метри.

16 јуни 2025 - 09:41