На Дијамантската лига во Орегон, Арманд Дуплантис испишна нова страница и со своето најново остварување ги воодушеви навивачите.
23 годишниот шведски атлетичар скокна со стап и постави историски резултат од 6,23 за нов светски рекорд и тоа уште во првиот обид
Тој практично го надмина својот рекорд од 6,22 поставен во февруари годинава во затворен простор.
Неверојатниот Дуплантис го соборува светскиот рекорд по седми пат и втор пат го прави тоа на отворено.
„Границата е многу висока и се надевам дека ќе можам да продолжам да скокам добро и повисоко од денес. Но, засега не размислувам за ништо друго освен да уживам во овој момент. Јас само се обидувам да скокнам високо. Многу го сакам скокот со стап уште од дете“, изјави Швеѓанецот.
MONDO DUPLANTIS 6.23 NEW WR#EugeneDL #DiamondLeaguepic.twitter.com/ycKFSZBBNM
— matteo (@mttEVO) September 17, 2023
🚨 WORLD RECORD🚨@mondohoss600 clears 6.23m at the first attempt to claim his 3rd successive #DiamondLeague title 🤯
— Wanda Diamond League (@Diamond_League) September 17, 2023
Get that man a brewski! 🍺#DLFinal#EugeneDL 🇺🇸
📸 @GorczynskaMarta pic.twitter.com/aUjbuFPQjp