Во неизвесна завршница ЈСП до победа над Фабрика Карпош - ГИМ

Сава Осигурување, ЈСП и ВИП се екипите кои славеа победи во вториот ден од второто коло во Бизнис лигата на Македонија.

Вип со сигурна игра до победа над Мепсо

 3-1(1-0) Мепсо

Вип: Никола Спасевски 7' Иле Никодиновски 22' Мартин Ангеловски 24'

Мепсо: 24'

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Вип и Мепсо, двете екипи уште на самиот старт започнаа со отворена игра со што се створија многу прилики за гол. Екипата на Вип во 7та минута преку Спасевски успеа да го отвори резултатот за водство од 1-0. По овој погодок екипата на Вип го успори темпото на игра и ги затвори приодите кон својот гол. Екипата на Мепсо со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување особено со удари од далечина но Вип успеа да одолее на овој притисок и да го добие првото полувреме со 1-0. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра, екипата на Вип на стартот постигна погодок за водство од 2-0, но екипата на Мепсо направи неколку измени во играчкиот кадар и во 24та минута постигна погодок за резултатски приклучок во натпреварот. Вип веднаш одоговори и го зголеми водството на 3-1 резултат кој успеа да го сочува до крајот на натпреварот.

Во неизвесна завршница ЈСП до победа над Фабрика Карпош - ГИМ

ЈСП 6-5(4-2) Фабрика Карпош - ГИМ

ЈСП:Љупчо Павловски 6' Даниел Антовски 9' 13' 31' Сабит Хусеини 15' Дејан Блажевски 38'

Фабрика Карпош - ГИМ: Ѓорѓи Божиков 4' 25' Александар Божиков 16' Кристијан Панев 34' Бејан Моукоч 40'

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Фабрика Карпош - ГИМ, прва во водство дојде екипата на Фабрика Карпош уште во 4та минута. Екипата на ЈСП брзо одговори на ова водство во 6та минута и успеа да го израмни резултатот. По ова израмнување екипата на ЈСП доби дополнителен мотив успеа да направи целосен пресврт, а во 14та минута да стекне солидна предност од 4-1. Во 16та минута екипата на ЈСП направи грешка во одбраната по што беше досуден пенал кој Божиков го реализира за резултат од 4-2 со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош започна со поагресивна игра и вршеше постојан притисок кон противничкиот гол, тоа вроди со плод кон средината на полувремето кога успеаа резултатски да се вратат во игра и да го внесат овој натпревар во неизвесна завршница. Сепак екипата на ЈСП одлично ја имаше поставено својата одбрана и успеа да ја казни напаѓачката игра на Фабрика Карпош и да го добие овој натпревар со 6-5

Сава Осигурување го издржа притисокот во второто полувреме

Сава Осигурување 6-4(4-0)LC Waikiki

Сава Осигурување: Андреј Китановски 2' 4' Ивица Минов 18' Коста Глигуровски 20' Кристијан Лешков 30' Данило Поповски 32'

LC Waikiki: Армин Дрпљанин 33' Алојз Перхај 29' Енес Ариф 29' 33'

Екипата на Сава Осигурување одлчно го започна дуелот противLC Waikiki, со рано водство во 2та минута воспоставија целосна контрола на теренот. Екипата наLC Waikikiсо чести измени во играчкиот кадар се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Сава Осигурување со одлична игра во одбраната не дозволи да прими погодок а како одлминуваше времето преку контра напади успеваа да го зголемуваат водството за 4-0 на полувремето. Во второто полувреме екипата наLC Waikikiфрли се на една карта - нападот со цел да го намали високото водство од полувремето, тоа им успеа во 29та минута во која постигнаа два погодоци со што фатија резултатски приклучок и ги направија последните минути поинтересни. Екипата на Сава Осигурување не и дозволи на екипата наLC Waikikiда им направи поголем проблем па го добија овој натпревар со конечни 6-4.

3 октомври 2018 - 09:08