Мепсо преку контра напади до победа над Маркарт

Гранит славеше тесна победа против ЈСП во третиот ден од 5. коло во Бизнис лигата, Мепсо го победи Маркарт, а LC Waikiki и ЕВН одиграа нерешено.

Мепсо преку контра напади до победа над Маркарт

Мепсо 7-3(4-2) Маркарт

Мепсо: Александар Јакимовски 5’ Ѓоко Јанакиевски 11’ Диме Рошковски 13’ 19’ 35’ 36’ Далибор Христов 30’

Маркарт: Пеце Стојанов 1’ 35’ Тоше Трајковски 8’

Екипата на Маркарт во дуелот со Мепсо го постигна најбрзиот погодок во досегашниот дел од натпреварувањето, само по неколку секунди преку Стојанов за водство од 0-1. Екипата на Мепсо за кратко време успеа да ги консолидира своите редови и во 4та минута преку одлично изведен контра напад успеа да израмни на 1-1. Во 8та минута видовме ново водство на Маркарт кое по само неколку минути екипата на Мепсо го стопи и консредината на полувремето успеа да направи целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Маркарт со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување и се префрли во противничкото поле, а таквата игра екипата на Мепсо ја казни со водство од 4-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Маркарт се префрли во предно поле и со помош на голман играч во фаза на напад се обидуваше да створи вишок како би фатила резултатски приклучок, но со таквата офанзивна игра оставија многу празнини во одбраната што екипата на Мепсо го казни со одлично креирани контра напади што успеваше да ги претвори во голови. На крајот од натпреварот екипата на Мепсо славеше со високи 7-3.

Во неизвесна завршница LC Waikiki и ЕВН ги поделија бодовите

LC Waikiki 4-4(3-0) ЕВН

LC Waikiki: Енес Ариф 4’ Иљаз Јудини 5’ 33’ Илијз 13’

ЕВН: Бојан Маџовски 22’ 23’ Димитар Димовски 29’ Наумче Бадаловски 38’

Првата фаза од полувремето помеѓу LC Waikiki и ЕВН помина во знакот на екипата на LC Waikikiкоја обезбеди рано водство во 4та и 5та минута. По оваа нгатива екипата на ЕВН направи неколку промени во тактиката се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок со цел да дојде до израмнување. Екипата на LC Waikiki одигра одлично полувреме не дозволи на екипата на ЕВН да постигне погодок и на полувремето се замина со предност од 3-0 за екипата на LC Waikiki. На стартот од второто полувреме екипата на ЕВН преку расположениот Маџоски успеа да постигне два гола со кои фати резултатски приклучок. Овие погодоци им дадоа дополнителен мотив па тргнаа уште пожестоко по израмнување што им успеа во 29та минута кога преку Димовски израмнија на 3-3. Екипата на LC Waikiki не се откажуваше лесно од натпреварот па по само неколку минути преку Јудини поведе со 4-3и ја направи завршницата од натпреварот неизвесна во која сепак екипата на ЕВН успеа да реализира за реми при резултат од 4-4.

Во дожд од голови Гранит поуспешен од ЈСП

Гранит 9-8(3-4) ЈСП

Гранит: Стефан Тевдовски 29’ 34’ 40’ Денис Петров 35’ Николче Глигуровски 4’ 23’ Пепи Мицев 9’ 19’ 38’

ЈСП: Марјан србиновски 4’ 10’ 27’ 37’ Љупчо Павловиќ 2’ Даниел Антовски 11’ 33’ Сабит Хусеини 40’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Гранит и ЈСП, воведните минути во натпреварот најавија фикасно полувреме во кое веќе во 4та минута екипата на ЈСП имаше водство од 1-2. По овие воведни минути опадна темпото и играта главно се одвиваше на средината на теренот, каде играчите со повремени соло акции се обидуваа да направат нешто повеќе. До крајот на полувремето екипата на ЈСп имаше повеќе од играта и супеа да го добие ова полувреме со резултат од 3-4. На стартот од второто полувреме екипата на Гранит успеа да постигне погодок со кој го израмни резултатот, по што следуваше жестока борба по целиот терен екипите наизменично се менуваа во водството за во 33та минута да биде повторно егал по што влековме во неизвесна завршница. Во таквата неизвесна завршница поуспешна беше екипата на Гранит која го дови овој натпревар со резултат од 9-8.

25 октомври 2018 - 09:16