Аџибадем Систина во дуелот со ЕЛЕМ ја продолжи победничката серија

Во последниот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа Македонски Телеком, Аџибадем Систина и Џонсон Мети.

Македонски Телеком преку контри до победа над L.C. Waikiki

Македонски Телеком 7-2(2-1) L.C. Waikiki

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 30' Роберт Попоски 38' Стефан Наскоски 20' Гоце Филипов 21' 24' Марко Магденовски 9' 27' 32'

L.C. Waikiki: Фуркан Фетаи 17' 24' Алојз Перхај 40'

На стартот од првото полувреме во дуелот помеѓу Македонски Телеком и L.C. Waikiki, екипата на Телеком наметна високо темпо на игра со многу борба на секоја педа од теренот. Екипата на Телеком ја наметна својата препознатлива игра со многу комбинаторика и воиграни акции што резултираше со водство во 9та минута. Екипата на L.C. Waikiki по оваа негатива направи неколку промени во играчкиот кадар и тргна во офанзива по израмнување на резултатот, што им успеа при крајот на полувремето во 17та минута. И кога се очекуваше судискиот свиреж во 20та минута екипата на Телеком реализираше преку Насковски за 2-1 и водство на полувреме. Во второто полувреме екипата на L.C. Waikiki фрли се на една карта тргнувајќи во целосна офанзива по резултатско израмнување, таквата отворена игра беше ризик по својот гол што екипата на Телеком знаеше да го казни преку контра напади. На крајот екипата на телеком го доби овој натпревар со високи 8-3

Аџибадем Систина во дуелот со ЕЛЕМ ја продолжи победничката серија

ЕЛЕМ 4-7(2-3) Аџибадем Систина

ЕЛЕМ: Павле Маџовски 19' 34' Ивица Апостоловски 17' 38'

Аџибадем Систина: Горан Манов 8' Игор Ѓорѓиевски 34' 36' Кристијан Димковски 29' Никола Малјановски 39' Мирослав Неделковски 10' Никола Трајковски 12'

Првата фаза од дуелот помеѓу екипите на ЕЛЕМ и Аџибадем Систина и припадна на екипата на Систина која уште на самиот старт изврши силен притисок кон голот на ЕЛЕМ што резултираше со водство од 0-3 до 12та минута. Екипата на ЕЛЕМ направи неколку промени на играчите и промена на тактика па во финишот на полувремето успеа да постигне два погодоци и да фати резултатски приклучок. На полувремето се замина со резултат од 2-3. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра, со отворен фудбал и многу шанси за гол. Екипата на Систина во 29та минута успеа да постигне погодок и да го зголеми водството, но екипата на ЕЛЕМ не се откажуваше лесно од овој натпревар и за неколку минути успеа да постигне два погодоци со што фати резултатски приклучок и ја направи завршницата неизвесна. Во таквиот финиш поумешна беше екипата на Систина која го доби овој натпревар со 4-7.

Џонсон Мети со контролирана игра до победа над Уни Банка

Уни Банка 1-5(1-2) Џонсон Мети

Уни Банка: Александар Кузинаков 20'

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 14' Бојан Дејановски 12' 21' 33' Христијан Стојановски 32'

Првата фаза од дуелот помеѓу Уни Банка и Џонсон Мети помина во мирно темпо, играта се одвиваше на средината од теренот од каде и двете екипи со удари од далечина се обидуваа да сторат нешто повеќе. Како одминуваше времето екипата на Џонсон Мети ја започна својата препознатлива игра и вршеше силен притисок кон голот на Уни Банка што резултираше со два погодоци едно по друго во 12та и 14та минута. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Џонсон Мети одлично ја постави својата одбрана, не дозволи изненадување и го доби ова полувреме со 1-2. На стартот од второто полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да постигне погодок и да го зголеми водството. Екипата на Уни Банка направи промена и се обиде со голман играч да направи вишок во нападот како би фатиле резултатски приклучок но екипата на Џонсон Мети имаше целосна контрола и со добро поставена игра успеа мирно да го приведе натпреварот до сигурна завршница со резултат од 1-5.

2 ноември 2018 - 08:14