Второто коло од Бизнис лигата на Македонија со победи го одбележаа ФАКОМ против АрцелорМиттал и Халкбанк против ЕВН. Алкалоид и Македонски Телеком ги поделија бодовите.
Се што имате од обврски и планови за викендов направете ги во сабота, бидејќи ден потоа следува можеби најфудбалски ден во годината во кој имаме за уживање две дербија во Англија и по едно во Шпанија, Италија, Германија, Франција и Холандија.
Диего Симеоне првпат загуби натпревар во Лигата на шампионите на домашен терен. Манчестер Јунајтед го совлада тврдиот Волфсбург, а победи славеа уште и ПСЖ, ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити.
Во понеделник (05.10.2015) во 19 часот во малата сала на СЦ „Борис Трајковски" официјално започнува новата сезона на Телеком Бизнис Лигата на Македонија. По шести пат кај нас, Бизнис Лигата на Македонија ќе биде место каде ќе се соберат вработените од најуспешните компании во земјава за да да си ги одмерат силите во мал фудбал.
Поразите на Арсенал и Челси синоќа во Лигата на шампионите беа уште еден срам за англиската елита која на шест натпревари во Европа доживеа пет порази и не го оправда епитот најсилна лига на континентот.
Два незаборавни моменти кои се имаат случено на денешен ден, а се од поновата историја на англискиот фудбал не се испуштање. Првиот е највисокиот резултатот во историјата на Премиер лигата кој се случи на средбата Портсмут - Ридинг и пресвртот на Манчестер Јунајтед против Тотенхем по негатива од 0:3.
На четири натпревари даде четири гола што беше доволно навивачите на Манчестер Јунајтед да имаат нов миленик. По начинот на игра личи на Тиери Анри, а на 4 меча за Јунајтед даде исто голови колку Фалкао лани на 29.
Јувентус го совлада Манчестер Сити 1-2 на гостински терен и направи големо изненадување во првото коло од ЛШ. Реал убедлив против Шахтјор, Јунајтед поразен во Ајндховен, лесни победи на ПСЖ и Севиља.
Кит Калвин беше уапсен за времето на дербито на Олд Трафорд во 2013-та за наводно напаѓање на полициски службеник, но се испостави дека тоа не е точно.
Манчестер Сити летово на само троица играчи, Рахим Стерлинг, Николас Отаменди и Кевин де Брујне потроши неверојатни 182 милиони евра, по што Премиерлигашите ги направија првите седум најскапи трансфери летово.
Бастијан Шванштајгер и Радамел Фалкао се двете најзвучни имиња кои ја засилија Премиер лигата. Челси и Манчестер Сити, а можеби и Јунајтед ќе го имаат главниот збор сезонава, додека кај Арсенал секогаш постои желба за титула. Најмалку пари штедеше Ливерпул.
Интервјуто е пред 12 години, кога Кристијано Роналдо пристигна на Олд Трафорд и не стоеше така добро со англискиот. Во одговорот не успеа да му помогне ниту Гери Невил. По 12 години работите се многу поинакви за него.
Како кошаркар на Милвоки Бакс и Сиетл Суперсоникс, Вин Бејкер заработил 100 милиони долари, а денес работи како продавач во Старбакс и среќен е поради тоа. Често им дава мудри совети на младите кошаркари кои земаат многу пари.
Откако Рома одби неверојатни 25 милиони евра од Милан за младиот стопер Алесио Ромањоли (21), тренерот на Росонерите Михајловиќ изјави дека не може јагоди да вредат колку остриги. Дали навистина е така?
На еден месец од 33-от роденден, Перо Антиќ денес потпиша договор со Фенербахче. Трансферот предизвика големо внимание во кошаркарска Европа. Навивачите на турскиот клуб им посакуваат добредојде и на Антиќ и на Гркот Костас Слукас со кој Перо два пати ја освои Евролигата во Олимпијакос.
Тимот на Ван Гал сезоната ја заврши на четвртото место во Премиер лига, а со тоа обезбеди пласман во квалификациите за Лига на шампиони. Менаџерот на Јунајтед почна активно да работи на трансфер пазарот, но го одбија неколку звучни имиња.
Патот на двократниот европски првак до НБА се покажа како вистински чекор за Перо Антиќ. И покрај тоа што сезонава најчесто влегуваше од клупа, најсилната кошаркарска лига на својот веб сајт го величи за неговата игра.
Во 1979-та година Ливерпул потпиша едногодишен договор со Хитачи вреден 50.000 фунти, а Манчестер Јунајтед минатата година договори спонзорство со Шевролет за неверојатни 47 милиони фунти.
Како можеш да оцениш еден НБА тим низ децениите? Единствен метод за тоа е Ело, систем кој се користи во шахот за мерење на релативниот квалитет на еден играч, базиран од натпревар до натпревар.