На еден месец од 33-от роденден, Перо Антиќ денес потпиша договор со Фенербахче. Трансферот предизвика големо внимание во кошаркарска Европа. Навивачите на турскиот клуб им посакуваат добредојде и на Антиќ и на Гркот Костас Слукас со кој Перо два пати ја освои Евролигата во Олимпијакос.