Црвена Звезда го потврди трансферот на Перо Антиќ во своите редови, иако за тоа претходно се погрижи неговиот менаџер на Твитер во негов стил. Но фудбалската легенда се фали дека твитнал и знаел за Перо уште пред мангупот Мишко Ражнатовиќ.
Кога едно неделно утро пиел кафе и отворил да чита весник, на светски познатиот кошаркарски агент му паднало во око името на некое дете кое давало по 30 коша во јуниорските категории. Решил да го ангажира, а денес малиот игра во НБА.
Македонскиот репрезентативец од денес е нов член на турскиот прволигаш Бујукчекмече, а како обично одат работите, трансферот на Твитер необично го најави неговиот агент и сопственик на Мега Лекс, Мишко Ражнатовиќ.
Ако сакате први да дознаете каде ќе игра Перо Антиќ, Војдан Стојановски, Јован Костовски или Предраг Самарџиски, следете го на Твитер Мишко Ражнатовиќ. Поранешниот адвокат на многу српски мафијаши прави дар мар со трансферите во Европа.
На еден месец од 33-от роденден, Перо Антиќ денес потпиша договор со Фенербахче. Трансферот предизвика големо внимание во кошаркарска Европа. Навивачите на турскиот клуб им посакуваат добредојде и на Антиќ и на Гркот Костас Слукас со кој Перо два пати ја освои Евролигата во Олимпијакос.
Македонија конечно ќе има кошаркар во најсилната лига на светот. Перо Антиќ се сели во Атланта Хоукс. Освен квалитетите на самиот кошаркар, најголема заслуга за неговиот мега трансфер има и еден адвокат кој криминалците реши да ги замени со кошаркари и од тогаш владее со европските трансфери.