Драган Џаиќ тврди дека за кам бекот на Антиќ во Звезда објавил пред Мишко

Црвена Звезда го потврди трансферот на Перо Антиќ во своите редови, иако за тоа претходно се погрижи неговиот менаџер на Твитер во негов стил. Но фудбалската легенда се фали дека твитнал и знаел за Перо уште пред мангупот Мишко Ражнатовиќ.

Загатките кои традиционално ги прави Мишко Ражнатовиќ на Твитер тешко се гаѓаат, па така беше и сега кога пред клубовите да објават, тој го потврди враќањето на Перо Антиќ во Црвена Звезда.
 
Зборуваме за поранешниот адвокат на мафијашот Кристијан Голубовиќ кој има направено околу 1.000 трансфери во кариерата и кој од македонските кошаркари ги застапува и Војдан Стојановски, Јован Костовски и Предраг Самарџиски.
„Додека се шетав на Калемегдан во мрак, здогледав еден клукајдрвец во куќичка на дрво. Некако ми е познат, како веќе да сум го видел тука пред многу години“, напиша Ражњатовиќ.
Перо Антиќ потпиша едногодишен договор за клубот кој го има истетовирано и за кој никогаш не ја криел љубовта. Дресот на Црвена Звезда го носеше од 2005-та до 2007-ма и со него го освои националниот Куп.

Неговиот кам бек во Белград беше објавен и на еден од Фејсбук профилите на Звезда, заедно со Марко Кешељ, исто така поранешен нивни играч кој летово го купија од Остенде, а инаку соиграч на Антиќ во Олимпијакос.

За враќањето на Перо Антиќ во Црвена Звезда на Твитер се огласи и фудбалската легенда на клубот, Драган Ѓаиќ со свое тврдење.
Славниот 35 годишен центар има зад себе 8 сезони во Евролигата и 3 трофеи, еден со Фенербахче и два со Олимпијакос, а во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување дебитираше со АЕК Атина во 2001-ва година.
 
На 144 натпревари во Евролигата има просек од 5,5 поени и 3,2 скока по натпревар, а минатата сезона оствари учинок од 4,2 поени и 2,4 скока по натпревар.
 
На 19 јануари следната година Антиќ ќе гостува во Јане Сандански во меч од АБА лигата меѓу МЗТ Скопје и Црвена Звезда.
12 септември 2017 - 11:19