Ражнатовиќ кој е поранешен кошаркар, но и адвокат кој застапувал клиенти како што се мафијашот Кристијан Голубовиќ и сопругата на Шешељ е човекот поради кој дочекавме да гледаме Македонец под обрачите во НБА лигата.
За него се зборува дека направил околу 1.000 трансфери со кошаркари, а за објавувањето има свој стил. Ако видите дека е трансферот го објавил на Твитер, тогаш е официјален, не ви треба потврда од клубовите.
„Претходно агенција преку сајтови комуницираше со јавноста, а Твитер тоа го подигна на повисоко ниво. Информирањето на јавноста преку Твитер кога трансферот е завршен за мене претставува ритуал со кој означувам гајле помалку, а тоа е им најдам работа на играчите. Со најголем ќеиф ги користам тие 140 карактери“, објаснува моќниот менаџер.
Во последно време од твитовите на трансферите Мишко прави загатки кои новинарите пред да објават треба да ги решат. Така ги најави новите две засилувања на Партизан и Црвена Звезда, Американците Кевин Џонс и Квинси Милер.
Но тоа не му е прв пат. Вака го најави трансферот на Рајан Томпсон во Звезда
Вака го означи почетокот на преговорите меѓу Боби Марјановиќ и Сан Антонио
Посебна инспирација имаше за трансферот на Милан Мавчан од Партизан во Милано.
„Денес имам 18.000 следбеници на Твитер од кои најмногу се од Турција. Кога ќе напишам „Ноќ кога еден маратонец стана манекен“ за мене тоа е начин да го најавам трансферот на Мавчан во Армани и така да ги зезнам во Милано кои не дозволуваат да објавиш трансфер пред нив. Или кога ќе напишам „Најдебелиот го замени највисокиот“, покажувам дека вид на хумор, бидејќи сите мислат дека сум намрштен нон стоп“.
Ражнатовиќ твитна и за трансферите на Костовски во МЗТ, потоа Стојановски во Алба Берлин, Самарџиски во Мега Лекс и Антиќ во Фенербахче.