Навивачот на Манчестер Јунајтед, Џејмс Ентони Финеган доби тригодишна забрана за одење на стадион во Англија на сите натпреварувања откако на гостувањето против Свонси влезе со димна бомба.
27 годишниот навивачот беше уапсен на 30 август пред да почне натпреварот меѓу Свонси и Манестер Јунајтед на стадионот Либерти, бидејќи носеше димна момба, а тоа е најстрого забрането со законите кои ги донесе Маргарет Тачер во 1989 година.
Ентони ќе мора да плати и казна од 500 фунти, а нема да смее да се движи околу стадионот Олд Трафорд и во центарот на Манчестер на четири часа пред секој меч и шест часа по завршувањето. Ова важи кога ќе игра и селекцијата на Англија.
„Во последниве години откако Свонси е во Премиер лигата, работиме напорно за да создадеме пријатна и семејно-пријателска атмосфера на стадионот Либерти. Димни бомби и секакви други запаливи средства не се дозволени на стадион и нема да толерираме ниту еден навивач кој ќе стави некој друг во опасност. Сакаме гостински навивачи да доаѓаат во Свонси за да го бодрат својот клуб, но не да прават нереди“, стои во соопштението на клубот.