Црвените за сега се најголеми трошаџии во летниот преоден рок во Премиер лигата кои само за двајца играчи потрошија скоро 90 милиони евра. Тоа се Бразилецот Фирмино од Хофенхајм и Бентеке од Астон Вила.
Потоа следува Манчестер Јунајтед кој шампионскиот сјај на Олд Трафорд ќе се обиде да го врати со борецот од средниот ред на Баерн, Швајнштајгер, потоа Дармијан од Торино, Шнајдерлин од Саутемптон и Депај од ПСВ.
Најскапиот трансфер во историјата на англискиот фудбал го направи Манчестер Сити кој неочекувано фрли 62,5 милиони евра за сè уште недокажаниот млад напаѓач Стерлинг.
Бранителот на титулата за сега не се решава да потроши многу пари. Босанецот Асмир Беговиќ кој пет сезони бранеше за Стоук, го плати 8 милиони фунти, а Фалкао го донесе на позајмица. Топџиите за сега го купија само Петр Чех, а се очекува да се официјализира и трансферот на Педро од Барселона.
Кај екипите кои се очекува да се борат за опстанок, интересно е што новите прволигаши Борнмут и Вотфорд потрошија по 30 милиони евра.
Завесата во Премиер лигата се подигна викендов, а до 31 август кога завршува летниот рок, можно е драстично менување на овие две листи:
Топ 10 трансфери во Премиер лига
1. Рахим Стерлинг (Од Ливерпул во Манчестер Сити) 62.5 милиони евра
2. Кристијан Бентеке (Астон Вила во Ливерпул) 46,5 милиони
3. Роберто Фирмино ( Хофенхајм во Ливерпул) 41 милиони
4. Морган Шнајдерлин (Саутемптон во Манчестер Јунајтед) 35 милиони
5. Мемфис Депај (ПСВ во Манчестер Јунајтед) 27,5 милиони
6. Бастијан Швајнштајгер (Баерн во Манчестер Јунајтед) 18 милиони
7. Жоржињо Вајналдум(ПСВ во Њукасл) 20 милиони
8. Александар Митровиќ (Андерлехт во Њукасл) 18,5 милиони
9. Матео Дармијан (Торино во Манчестер Јунајтед) 18 милиони
10 .Натанијел Клајн (Саутемптон во Ливерпул) 17,7 милиони
Пет клубови кои најмногу потрошија за засилувања
1. Ливерпул 110 милиони евра
2. Манчестер Јунајтед 98,5 милиони
3. Манчестер Сити 84 милиони
4. Астон Вила 54,9 милиони
5. Њукасл 50,5 милиони