АЛЕСИО РОМАЊОЛИГенерација 1995-та, стопер кој заедно со Ругани се сметаат за иднина во италијанската репрезентација. Минатата сезона играше одлично во Сампдорија како позајмен играч од Рома која веќе го одби Милан. Повеќе пари за одбранбен играч Милан одвои претходно само за Неста.
АЛЕСАНДРО НЕСТАВо летото 2002. година, Милан за 30,5 милиони евра го купи поранешниот капитен на Лацио. Неста во тој момент имаше 26 години и долга репрезентативна кариера. 10 години беше столб на одбраната на Милан.
ФАБИО КАНАВАРО
Истото лето, поранешниот фудбалер на Парма и колега на Неста од репрезентацијата, Фабио Канаваро го смени дресот со трансферот во Интер. Клубот од Меаца за него одвои 23 милиони евра, но Канаваро без поголем успех и резултати играше 2 години во Интер.
АНДРЕА РАНОКИЈАНа подиумот со најскапи италијански дефанзивци е и актуелниот капитен на Интер. Нероаѕурите за него одвоија 18,5 милиони евра а Ранокија во Милано дојде од Џенова. Во последните неколку сезони често е оспоруван и се дискутира за неговите квалитети.
МАТЕО ДАРМИЈАНБекот на Торино направи голем трансфер откако Манчестер Јунајтед за него неделава плати 18 милиони евра. 25-годишниот фудбалер е стандарден италијански репрезентативец и на Олд Трафорд би требало да биде првотимец во следните сезони.
ЛЕОНАРДО БОНУЧИ - АНЏЕЛО ОГБОНАВо ТОП5 трансферите меѓу италијанските дефанзивци се наоѓа и централниот стопер на Јувентус кој во 2010 година од Бари дојде во Торино за 15,5 милиони евра. Бјанконерите дадоа 15 милиони евра и за Анџело Огбона, кој дојде од ривалот Торино а неделава потпиша во Вест Хем за 13 милиони евра.
ДАВИД ЛУИЗСветскиот рекорд за одбранбени фудбалери го сруши Давид Луиз кој минатото лето за 49,5 милиони евра го напушти Челси и замина во ПСЖ. На Паркот на Принцовите е стандарден во одбраната, а ПСЖ нема намера да го продаде поради што одби неколку понуди за Бразилецот.
РИО ФЕРДИНАНДВо 2002. година, поранешниот фудбалер на Лидс Јунајтед се пресели на Олд Трафорд за 46 милиони евра. И натаму го држи рекордот за најскап трансфер на дефанзивец меѓу два премиерлигаши.
ТИАГО СИЛВА
Навивачите на Милан тешко ја прифатија продажбата на најдобрите играчи во 2012. година, кога Ибрахимовиќ и Тиаго Силва заминаа во ПСЖ. За лидерот на бразилската фудбалска репрезентација, Парижаните искешираа 42 милиони евра што го става Силва на третото место на најскапите одбранбени фудбалери во историјата.
МАНГАЛАРедок случај на дефанзивец за кој еден клуб дал многу пари е Елиаквим Мангала. По три добри сезони во Порто, Манчестер Сити реши да го купи за неверојатни 40 милиони евра во 2014. година. Мангала досега на теренот не ги оправда очекувањата.
ЛУК ШОЛевиот бек има само 20 години, потекнува од школата на Саутемптон кој го пушти минатото лето во Манчестер Јунајтед. Црвените Ѓаволи за него дадоа дури 37,5 милиони евра.
ЛИЛИЈАН ТУРАМАко Алесандро Неста е најскапиот италијански стопер на сите времиња, рекордот на странците во Серија А го држи елегантниот Французин. Лилијан Турам во 2001. година ја напушти Парма и замина во Јувентус за тогашни 70 милијарди лири или 36,6 милиони евра.
ДАНИ АЛВЕШДолго време беше пред раскин на договорот, но Барса летово го освежи со нова соработка. Бразилецот го носи дресот на Барселона од 2008. година кога од Севиља дојде на Камп Ноу за 33,5 милиони евра. Меѓу најдобрите на неговата позиција, влегува во ТОП10 бекови на сите времиња.
МАРКИЊОС
Тројца Бразилци од ПСЖ се на вечната листа најскапо платени дефанзивци, а меѓу нив е и Маркињос. По една одлична сезона во Рома, ПСЖ го купи за 31,5 милиони евра.
ДАНИЛО
Вечната листа ја затвора Бразилецот кој во јули годинава дојде во Реал Мадрид од Порто за 31,5 милиони евра.