Таг: алесандро неста

Големиот Милан од 2000-те години веќе дава големи тренерски имиња

При погледнување на некоја фотографија од времето на моќниот Милан кој играше 3 финалиња на Лига на шампиони, освои пар скудета и имаше многу легендарни фудбалери, носталгија ги фаќа не само навивачите на росонерите туку и многу други.

Неста од карантин одговара на прашања на Виери

Тоа се двајца култни ликови од најубавите времиња на италијанско, кои имаат играно заедно во Лацио и за Италија. Муабетот е кул, но легендарниот стопер дава и сериозни одговори, како признанието дека имал тешки кризи и станал неподнослив кога ја завршил кариерата.

После Истанбул Пирло сакал да заврши кариера, Гатузо да замине, Анчелоти не спиел

Најлудото финале во историјата на Лига на шампиони и 15 години подоцна уште ги боли играчите и навивачите на италијанскиот трофеен гигант.

Неста е Неста и на 42 години

21 мај 2018 ќе биде запаметен како датум на кој Андреа Пирло се прости од фудбалот на величествен начин. Му дојдоа најголемите ѕверки на италијанскиот фудбал а меѓу нив во одлична форма е и тренерот на Перуџа кој ќе игра во бараж за пласман во Серија А.

Што имаат заедничко Неста, Перуџа и 14 мај

Кој би рекол во 2000-та година дека Алесандро Неста еден ден ќе стане тренер на Перуџа, клубот на кој сега има шанса да му се заблагодари за една професионално завршена работа во едно големо невреме за кое секогаш ќе се зборува во Рим.

Зошто Неста беше принуден да го напушти клубот во кој израсна

Еден од најсилните италијански дефанзивци во историјата вчера наполни 42 години. Имаше среќа да ги фати најубавите години и во Лацио и во Милан, но замина од тимот за кој навива за да наплати туѓи долгови.

Од играчка - плачка и најглупави повреди на фудбалерите

Последната епизода на Кристијано кој поради болки во палецот не можел да вози и викнал влечна служба за неговото Ламборгини во познатото зимско одморалиште Навасерада нè испровоцира да избунариме разни бизарности за познатите фудбалери.

Мојот бурен 31 август на Олимпико во Рим

Да ми кажеше некој дека Лацио во ист ден, во тоа златно време ќе ги продаде двете најголеми ѕвезди, немаше да му верувам. Но летниот период за трансфери заврши, а навивачите палеа трафики и коли и беа до толку избезумени што почнаа да се тепаат меѓу себе.

Го паметите ли Амаури?

Некогашниот италијански репрезентативец кој им ги кинеше живците на навивачите на Јувентус и Парма, во моментов игра за тимот Форт Лодердејл Страјкерс во САД. На мечот против Отава Фјури постигна фантастичен погодок, чисто колку да слушнеме каде игра.

Каде се сега шампионите на Лацио од 2000-та

Во последното коло пред 16 години Јувентус потона во поплавената Перуџа (1:0 Алесандро Калори), кога Колина го продолжи мечот и покрај тешките услови и врнежите. Лацио порано ја реши Реџина со 3:0 и цел Олимпико заедно со играчите го следеа преносот од стадионот Ренато Кури. На крајот големо славје во Рим за последното скудето до денес.

Најпознати фудбалери со ромско потекло

За Хаџи, Ливерани, Лакатуш, Асењо и Хесус Навас сме слушнале дека имаат ромско потекло, но не и за Неста, Лука, Жињак, Пирло, Гуиза и Кипријан Марика. Овие играчи комотно би играле завршница на Светско првенство со ромска репрезентација.

Кога одбранбен играч вреди злато

Откако Рома одби неверојатни 25 милиони евра од Милан за младиот стопер Алесио Ромањоли (21), тренерот на Росонерите Михајловиќ изјави дека не може јагоди да вредат колку остриги. Дали навистина е така?

Неста и Ди Вајо ја прославија титулата

Алесандро Неста, Марко Ди Вајо и Матео Ферари кои на крајот од своите кариери одлучија да заминат на печалба во Канада, по двете средби во финалето од Плеј-офот успеаа да стигнат до шампионската титула. По првите 0:0 на домашен терен против Вајткапс од Ванкувер, италијанското трио ги одиграа сите 90 минути на денешниот реванш на гости и по конечните 2:2 го подигнаа пехарот.