Скокот на Пипита
Аргентинецот Гонзало Игуаин дојде во Наполи во 2013 година избричен. Еден ден за време на одморот решил да прокстари со јахта во убавиот Капри за да ги запознае подобро убавините на ова место. Додека скокал од брегот не забележал една карпа под водата и се расекол на вилицата. Веднаш во болница го сошиле со осум конци, а претседателот Де Лауретис се заканил дека ќе бара отштета од градските власти.
Пипита од тој ден пуштил брада која што и сега ја носи за да не му се познава белегот.
Емерсон пропушти Мундијалско злато
На подготовките за Светското првенство 2002 година, меѓу голманите на Бразил владеела алергија поради што Емерсон за да се направи забавен ги облекол ракавиците и бранел на тренинзите. Соиграчите го сфатиле сериозно па почнале со сета сила да му шутираат. После неколку шута Емерсон се пожалил на болки во рамото поради што го пропушти Светското кое Бразил го освои.
Евер Банега на бензинска пумпа
Можеби најбизарната повреда во историјата на фудбалот ја доживеа Аргентинецот Евер Банега. На почеток сите мислеле дека веста е шега, но не било така.
Евер Банега, во тоа време главен играч на Валенсија, излегол од својот автомобил на бензинска, но заборавил да ја крене рачната поради што тркалата му преминале преку ногата. Скршено стопало и неколку месеци пауза.
Кањизарес и колонската вода
Некогашниот прв голман на Валенсија и Реал Мадрид нема ништо помалку бизарна повреда од Банега. Голманот во 2002-ра откако се избричил од рака го испуштил шишенцето колонска вода кое се скршило на неколку парчиња од кои едно длабоко му ја расекло ногата. Доволно длабоко да го пропушти Светското 2002 како Емерсон.
Неста и Плејстејшн
Едно мирно попладне во карантин, затворен во соба, Неста играл Сони Плејстејшн (нема играч што не игра Сони во карантин). Неста играл цела ноќ поради што го исчашил палецот. Откако сите мислеле дека е чаршиски муабет, Неста во една прилика признал дека имал болки во палецот поради долго играње Сони.
Дејвид Џејмс и страста за телевизор
Уште поглупава повреда доживеал некогашниот англиски репрезентативен голман кој ја исчашил кичмата во обид да го земе далечинскиот управувач од телевизорот на соседниот кревет.
Дида и клупата
Нелсон Дида незгодно го повредил ’рбетот во февруари 2008-ма за време на мечот против Парма. Бил на клупата за резерви кога Анчелоти го повикал да го замени Калач. Бразилецот незгодно станал од клупата и добил истегнување во грбот поради што го изнеле од стадионот со штаки.
Дарен Бент и ножот
Поранешниот англиски репрезентативен шпиц Дарен Бент спремал вечера и додека сакал со нож да исече нешто од мастрафот, се расекол по дланката. Налет и вечера и се.
Дариус Васел и бормашината
Модар нокт во кариерата може да има секој играч. Најчуден е оној на Дариус Васел кој верувале или не сакал да го отстрани со мала бушилица. Замислете каква болка доживеал?
Себастијан Фреј и парадата во базен
Добро, за голман е нормално да скока, тоа го прават секојдневно, но да скокнеш во полу-празен базен треба да си Себастијан Фреј. Голманот на Интер за време на еден викенд заминал во својата куќа на Аѕурниот Брег. Скокнал во плиткиот базен, заработил мала повреда, но ништо сериозно.
Важноста добро да се чита и Ричард Рајт
Се случува фудбалер да се повреди за време на загревање, но Ричард Рајт голманот на Евертон, пред еден дуел од ФА Купот со Челси се повредил откако скокнал од мрежата над пречката да извади една топка, а при падот паднал врз лист кој бил на теренот и се лизнал. За малерот да биде поголем, на листот имало упатство како да се користат голманските ракавици. Чисто да не каже дека не го предупредиле.
Ламборгинито и палецот на Кристијано Роналдо
Шпанскиот портал Информалиа со фотографии ја пренесе веста дека Кристијано Роналдо го истегнал палецот додека го возел своето ново Ламборгини поради што викнал влечна служба и отишол во првата амбуланта во зимското одморалиште за да му ја санираат повредата.