Алесандро Неста се наоѓа во Фрозиноне со кој се бори за влез во Серија А и со овој разговор дебитира на Инстаграм. Меѓу другите теми, раскажува и за тешките денови во Лацио кога како капитен му следувало место во собранието на само 23 години, а таму се зборувало за финансиските проблеми и иднината на клубот.
Признава дека никогаш не размислувал да го напушти тимот од градот каде што е роден, но тоа биле стресни денови за него, а играчите го масирале за плати. Ги кажува и најгрдите три меча во кариерата.
Ти недостасува фудбалот?
Апсолутно да. Сите велат, да вака е подобро, но мене ми беше многу лошо кога се пензионирав. Првите шест месеци си земав одмор, а потоа имав тешки кризи. Неподнослив станав, а не и беше сеедно и на сопругата. По две години ми се јави Матераци да одам да играм во Индија. Сопругата ме слушна дека зборам со некој за да одам да играм на некое место. За 2 секунди ги спремив куферите, а и таа веднаш ме поддржа. Матераци беше тренер – играч.
А сега уште да не ти фали? Веројатно повеќе не, бидејќи работиш како тренер.
Сега не, имам ангажман кој го сакам.
Тренирањето ти се допаѓа исто како играњето? Бидејќи таму има многу стрес.
Во тренирањето има позитивни страни, ама и многу негативни кои ти одземаат време кое понекогаш не сакаш да го трошиш на тоа. На пример кога играш го правиш само тоа што сакаш, а сега трошиш многу енергија и за многу други работи за кои понекогаш немаш желба. Но сепак многу е убаво да си тренер, кул е.
Сега си трет на табела во втора лига со Фрозиноне, која важи за тешка и се бориш за влез во Серија А.
Да, добар тим е Фрозиноне, момците се навистина одлични и ги поздравувам. Се надевам дека ќе се избориме и пред се дека ќе ја довршиме сезоната.
Беневенто оди сигурно, но има три места така?
Првите две одат директно, а другите се борат преку плејоф. Пипо со Беневенто постојано победува и има 21 бод предност. Одличен е.
Ако Лацио не те продадеше поради финансиските проблеми кои ги имаше, ќе останеше цела кариера?
Во таа епоха би ти рекол дека никогаш немаше да си заминам, но Милан потоа ми даде големи можности и задоволства. Инаку во тоа време не сакав никаде да одам. Две години пред да одам во Милан бевме во Шпанија на пријателска со Реал Мадрид. После мечот позади автобусот ми пријде Фернандо Јеро и ми вели: Ти треба да дојдеш во Мадрид, што правиш во Лацио? Јас му одговорив: Ти луд да не си, јас играм за Лацио, а тој ме гледаше чудно.
Кога игравме јас и ти заедно во Лацио, се гледаше дека никогаш не би заминал. Беше капитен, најважен играч, како господ беше.
Годините во Лацио беа преубави, но последната година ми беше најтешка во животот како играч и не можев повеќе да издржам. Ситуацијата беше хаотична, а исто и соблекувалната. Мене како капитен ме викаа на состаноци, а се сеќавам дека еднаш бев на собрание со луѓе како претседателот на Банка ди Рома и ред други јаки фаци, а меѓу нив и јас на само 23 години. Имаше резервирано седиште за мене. Но тоа беше стресно, бидејќи играчите секој ден ме прашуваа кога ќе има плата. Јас страдав многу, бидејќи бев многу поврзан со клубот. Потоа кога отидов во Милан, тоа беше и еден начин на ослободување од проблемите.
Натпревар со најлоши сеќавања во кариерата и најголеми разочарувања.
Имам три такви. Едно римско дерби кога Монтела ни даде 4 гола, плус знаеш како е на римско дерби. Да да знам, страдаш како куче. Ние римјаните растеме со дербито уште од мали. Мајка ми како мал ме носи на пазар, а тој на тезга се кара со другиот до него. Другите два меча ме оставија без сон со месеци. Прво финалето на ЕП 2000 против Франција, а потоа и финалето на ЛШ во Истанбул против Ливерпул. На таа вечер ако се сетам, утре сабајле пак ја мислам.