Лука Маркеџани
Кога ја освои титулата со Лацио имаше 34 години. Бранеше на 28 меча таа сезона и прими 27 голови. Денес има 50 години и е меѓу водечките реномирани коментатори за италијанскиот Скај Спортс. Воедно е и гласот за италијанскиот PES-2015.
Марко Балота
Ако Маркеџани ви се чинеше во позни години, тогаш треба да знаете дека Балота во тој период веќе го викаа чичко. Имаше 36 години кога Лацио му се израдува на скудетото. Бранеше сезоната на 9 меча и прими 6 гола. Денес има 51 година а до лани играл аматерски фудбал и тоа како напаѓач со ветераните.
Паоло Негро
Играше десен бек, но и стопер. Имаше 28 години, одигра 26 меча и постигна 2 гола. Денес има 43 години, а лани неколку месеци ги тренираше младинците на второлигашот Латина.
Роберто Нестор Сенсини
Незаменлив стопер на Лацио во шампионската сезона. Одигра 23 меча и постигна 1 гол. Имаше 33 години кога Олимпико во последното коло славеше титула во 2000-та. Денес има 49 години а до минатата година го тренираше аргентинскиот клуб Атлетико Де Рафаела.
Синиша Михајловиќ
Србинот со 31 година го освои скудетото. На 26 меча постигна 6 голови од кои повеќето ефектни од слободен удар. Остана запаметен по хет-трикот од слободни удари на мечот против Сампдорија. Како 47-годишен денес го води Милан од тренерската клуба.
Алесандро Неста
Имаше 24 години, беше меѓу најмладите но и најзаслужните за скудетото. Одигра 28 меча, а денес со 39 години е главен тренер на Мајами во МЛС лигата.
Фернандо Коуто
Португалецот со 30 години командуваше со одбраната на Лацијалите сезоната кога се освои скудетото. Одигра 14 меча и редовно добиваше жолти и црвени картони. До 2014-та година работеше како помошник тренер во Брага.
Џузепе Фавали
28 години, класичен лев бек. Одигра 18 средби таа 2000-та. Денес има 44 години и ужива со семејството.
Џузепе Панкаро
Имаше 28 години, одигра 28 средби и постигна 3 гола. Денес на 44 години е главен тренер на третолигашот Катанија.
Матијас Алмеида
На 26 години го крена пехарот. Одигра 19 средби и даде 1 гол. Денес со 42 години е главен тренер на мексиканската Гваладахара.
Диего Чоло Симеоне
Аргентинецот имаше 30 години кога на Олимпико се славеше скудето за последен пат. Во моментов на 45 години е главен тренер на Атлетико Мадрид. За Лацио во 2001-ва постигна 5 голови на 28 средби.
Дејан Станковиќ
Детето на Црвена звезда со само 21 година стана шампион на Италија. Во моментов има 37 години и работи како помошен тренер во Интер.
Хуан Себастијан Верон
Можеби главен играч на Лацио во шампионската генерација. Одигра 31 меч и постигна 8 голови. Денес е претседател на аргентинскиот Естудијантес и има 40 години.
Павел Недвед
Чешката фурија играше како лево крило. Имаше 28 години, постигна 5 голови на 28 средби. Во моментов е потпретседател на Јувентус со 43 години.
Сержо Консеисао
Меѓу помладите во Лацио имаше 25 години. На 30 меча постигна 2 гола. Сега со 41 година е главен тренер во поругалскиот Гимараеш.
Атилио Ломбардо
Најискусен во составот со 34 години. На 10 натпревари даде 1 гол. Има 50 години и работеше како помошник тренер во Манчестер Сити и во Шалке.
Фабрицио Раванели
Раванели имаше 31 година и како центарфор даде 2 гола на 16 меча. Сега има 47 години, а по неуспешниот тренерски обид во Ајачио во Франција, денес работи како коментатор на ТВ.
Ален Бокшиќ
Уште еден ветеран во нападот. Имаше 30 години и на 19 средби постигна 4 гола. Сега има 46 години, а од 2012-та е помошник тренер во хрватската репрезентација.
Марсело Салас
Чилеанецот со 25 години го предводеше нападот на шампионскиот Лацио. На 28 средби даде 12 голови. Денес на 41 година е фудбалски експерт во својата татковина Чиле.
Роберто Манчини
За Манчо горе-долу сè е познато. Сезоната 1999/2000 беше меѓу најстарите во италијанскиот фудбал со 35 години. Одигра 20 меча и не постигна ниту еден гол. Сега на 51 година по вторпат во кариерата го предводи Интер.
Симоне Инзаги
Помладиот од браќата Инзаги немаше којзнае каква играчка кариера, но имаше можност да игра со врвните шпицови на времето. Со 24 години го крена пехарот на Олимпико. На 22 меча даде 7 голови. Денес има 39 години и е главен тренер на младинците на Лацио (Примавера).
Свен Горан Ериксон
Со 52 години го водеше Лацио до титулата. Денес има 68 и е главен тренер на Шангај Шенуа.