Во последното коло пред 16 години Јувентус потона во поплавената Перуџа (1:0 Алесандро Калори), кога Колина го продолжи мечот и покрај тешките услови и врнежите. Лацио порано ја реши Реџина со 3:0 и цел Олимпико заедно со играчите го следеа преносот од стадионот Ренато Кури. На крајот големо славје во Рим за последното скудето до денес.