Проблемот настана откако полицијата не дозволила навивачите на Ливерпул да пристапат кон тоалетите на Олд Трафорд откако натпреварот завршил.
Калвин преговарал со полицајците, а тие побарале да се оддалечи од нив. Потоа го уапсиле со образложение дека извршил напад врз еден од полицајците.
Обвинението пропадна откако како доказ се појави снимка од мобилен на која се гледа дека нема никаков напад врз службено лице, а навивачот на Ливерпул како оштета му исплатија 4.000 фунти.
„Мислам дека исходот покажа дека јас всушност не направив ништо погрешно. Мојата грижа е дека другите навивачи не би можеле да знаат како да ги извршуваат овие работи понатаму ако и со нив се случи вакво нешто. Исто така мислам дека треба да се менува однесувањето и како навивачите да бидеме третирани посоодветно. Јас сепак и понатаму продолжувам да разговарам со полицијата од Манчестер и за среќа вакво нешто се нема случено во скоро време“, вели Калвин.
Дербито Манчестер Јунајтед – Ливерпул се игра во сабота со почеток од 18:30.