Репрезентативецот на Словенија стана првиот играч во историјата кој постигнал 4 гола на гости во Лига на шампиони. По 4 даваа Меси (два пати), Марио Гомез и Роберт Левандовски, ама сите дома.
Коби Брајант малку спиел, понекогаш само неколку часа во ноќта, што е малку за професионален спортист. Пред пар години еден новинар го прашал зошто не спие доволно, а Коби дал прост одговор: „Зошто имам многу работа“.
Смртта на Коби Брајант е апсолутен шок за целиот свет на спортот, но и пошироко. Разни извори по објавата на веста, шпекулираа кој сè бил со него во хеликоптерот, а на крај стигна трагична вест.
Се врати во Милан. Не му требаше долго време за да покаже зошто е дојден. На првиот меч против Сампдорија влезе од клупата за резерви и одигра 35 минути, а на вториот меч даде гол, намести еден и одигра одлично.
Од големиот трансфер на Швеѓанецот со македонско потекло во Јувентус најмногу причини за задоволство има Аталанта, а задоволно се смешка и шведскиот клуб Бромапојкарна.
„Во време кога никој ништо не знаеше за ХИВ вирусот и кога сите мислеа дека ќе се заразат ако се поздрават со мене, а кога играчи не сакаа јас да играм, тој ме викна на Ол Стар викенд“, вели Меџик Џонсон за човекот кој е најзаслужен што НБА е ваква каква што е денес.
За оние кои не знаат, во италијанската кошаркарска Lega Basket Serie A (LBA) има бајаги сериозно градско дерби: Фортитудо Болоња - Виртус Болоња, два клуба кои имаат голем број навивачи зад себе и широки трофејни сали. Вечерва од 20:30 се игра градското дерби а навивачите на Фортитудо го најавија со едно сеќавање од пред десетина години.
Среќата треба да се заслужи - фраза која што најдобро го опишува младиот тренер кој покажа колку знае и кој допрва ќе демонстрира тактички вештини. А буквално преку ноќ седна на клупата на Лацио и сега е еден од најтрофејните тренери на овој клуб во историјата.
Иако реши да игра за земјата во која е роден (Шведска, Стокхолм), 19-годишниот Дејан Кулушевски кој во моментов важи за еден од најдобрите играчи во Серија А и кој е на радар на големите клубови, не заборава на своите корени.