Во премиерниот натпревар од пролетниот дел ЕВН подобри од Окта

Џонсон Мети ја декласираше Уника со 11:0, а победи во првиот ден од пролетната сезона остварија и екипите на и ЕВН и Македонски Телеком.

Во премиерниот натпревар од пролетниот дел ЕВН подобри од Окта

ЕВН 2-1(1-0) Окта

ЕВН: Виктор Валканчев 7’ Илија Манадров 26‘

Окта: Александар Јовчевски 38’

Пролетниот дел од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и Окта.

Уште од самиот почеток на мечот двете екипи влегоа мотивирани и започнаа со офанзивен стил на игра. Таквата игра по една одлично одиграна акција во 7та минута со голот на Валканчев и донесе предност на екипата на ЕВН од 1-0. По оваа негатива екипата на Окта започна со поагресивна игра и се обидуваше да фати резултатски приклучок, но екипата на ЕВН одлично ја постави играта во одбраната не дозволи изненадување и на полувремето замина со предност од 1-0. На стартот на второто полувреме екипата на Окта продолжи со агресивна игра со цел да дојде до израмнување, но екипата на ЕВН во 26та минута успеа да искористи еден кикс кај играчите на Окта и да го зголеми водството на 2-0. До крајот на натпреварот екипата на Окта се обиде и со промена на тактиката со внесување на голман играч но не успеа во намерата па екипата на ЕВН го доби овој натпревар со 2-1.

Џонсон Мети со сигурна игра до победа над Уника

Џонсон Мети 11-0(4-0) Уника

Џонсон Мети: Александар Недев 19’ Бојан Дејановски 36’ Благојче Божиновски 4’ 24’ 26’ 29’ Љупче Стојановски 3’ 24’ Христијан Стојановски 8’ 35’ 40’

Одличен старт на екипата на Џонсон Мети во дуелот со Уника, уште на самиот почеток екипата на Џонсон Мети ја превзеде иницијативата што и донесе комотна предност од 3-0 до 8та минута. Екипата на Уника со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Џонсон Мети ја контролираше играта во ова полувреме па на паузата замина со предност од 4-0. Во вториот дел иста слика екипата на Уника со обидуваше да ја намали високата негатива од полувремето но екипата на Џонсон Мети не дозволи изненадување и со сигурна игра го приведе овој натпревар во своја корист со резултат од 11-0.

Телеком со тимска игра до победа над А1

Македонски Телеком 4-2(3-2) А1

Македонски Телеком: Стефан Насковски 11’ Гоце Филипов 8’ 31’ Џенгис Бекир 16’

А1: Ненад Богдановиќ 4’ Мартин Ташкоски 18’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и А1, екипата на А1 одлично го отвори натпреварот со погодокот на Богдановиќ во 4та минута. По оваа негатива екипата на Телеком започна со агресивна игра што и донесе израмнување во 8та минута со одличниот погодок на Филипов. Неколку минути подоцна односно во 11та минута екипата на Телеком успеа да креира една одлична акција и преку Насковски да постигне погодок за селосен пресврт од 2-1. До крајот на полувремето екипата на А1 се обидуваше да дојде до израмнување но не успеа во тоа па на паузата се замина со резултат од 3-2. Во второто полувреме екипата на А1 со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, тие успеаа да креираат неколку шанси за израмнување но не успеаа да реализираат па стигна казна во 31та минута кога екипата на Телеком која го зголеми водството на 4-2. До крајот на натпреварот екипата на Телеком умешно се бранеше и успеа да ги однесе бодовите со резултат од 4-2.

4 февруари 2020 - 11:58