Умре Дејвид Штерн, најважниот човек во историјата на НБА

„Во време кога никој ништо не знаеше за ХИВ вирусот и кога сите мислеа дека ќе се заразат ако се поздрават со мене, а кога играчи не сакаа јас да играм, тој ме викна на Ол Стар викенд“, вели Меџик Џонсон за човекот кој е најзаслужен што НБА е ваква каква што е денес.

После неколку недели во тешка состојба по мозочен излив што го доживеал на вечера во ресторан, на 77-годишна возраст почина поранешниот легендарен комесар на НБА, Дејвид Штерн кој 30 години беше прв човек на најпознатата лига на светот.

За него и за поранешниот комесар на НФЛ Пит Розел велат дека се најуспешните топ-менаџери во историјата на американските компании и спорт воопшто. Да не е така, газдите на клубовите, и тренерите немаше да го поддржат цели 30 години на најодговорното место во НБА. Во 2014-та година влезе во Куќата на славните.

„Дејвид Штерн е главна сила, главна причина за тоа што лигата е во совршена позиција. Не го сметајте ова за непочит кон големите играчи или сопственици, но сите тие се резултат на еден човек“, вели Пет Рајли, легенда на НБА лигата.

Грег Поповиќ за Штерн:

„Без него немаше да има никаква лига. Неговата работа, упорност, мудрост кои ги покажуваше годиниве, заслужуваат благодарност од секого“.

КАКВА БЕШЕ КАРИЕРАТА НА КОМЕСАРОТ ВО НБА?

Финансии

Главната цел на комесарот на НБА е да ја зголеми вредноста на сите франшизи.

Во 1984 година сите НБА тимови вкупно вределе 400 милиони долари. На денот кога Штерн ја напушти лигата, само најслабата франшиза вредела 400 милиони.

Кога тој дошол на местото комесар платите за играчи биле во просек растеле за 300.000 долари а кога отишол во пензија, ѕвездите земале повеќе од 5 милиони долари зголемување во просек.

Во текот на целата негова кариера, клубовите потрошиле околу 8,5 милијарди долари на изградба на нови арени или реконструкција на веќе постоечките.

Штерн уште во 1984-та ја сфатил силата на брендот. Успеал да ја преврати НБА во лиценциран продукт кој може да се продава. Кога во лигата влезе Џордан со брендот Air Jordan и маркетолозите на Nike дошле да работат заедно со НБА. Виделе дека лигата ја гледа разен аудиториум - од богати до сиромашни, луѓе со секакви интересни и морало да се допре до секој.

Пред Штерн да се појави, во НБА лгиата клубовите ги спонзорирале само некои компании производители на спортска опрема. Други корпорации се плашеле да инвестираат во спорт кој им излгедал „многу црнечки“. Дејвид го сменил тој однос и е најзаслужен за првите рекламни договори со Gatorade во 1984-та и Coca-Cola во 1986-та.

Тој бил одличен адвокат со големо искуство, но никој не гледал во него маркетолог. Тој не беше формална фигура која на себе зема само одговрност за правилата, за пишување казни и доделување шампионски пехар. Тој стана извршен директор на милијардерска корпорација.

ТЕЛЕВИЗИЈА

Најголема победа на Штерн во рамките на популаризација на баскетот беше договор со тв куќите. До 1981 година дури и финалната серија на НБА ја давале репризно а во живо оделе натпревари само преку викенд и тоа преку ден, не во прајм-тајм. Финалето во 1981-ва имало најнизок телерејтинг во историјата.

После три години доаѓа Штерн и се менува од корен. Потпишал два договори за пренос на натпреварите вредни 200 милиони долари.

На крајот од ’80-те години НБА лигата отишла на повисоко ниво и сите натпревари од плејофот биле пренесувани во живо на телевизија. Претходно никој и не помислувал на тоа - сите размислувале „на кој ќе му треба пренос од сите плејоф мечеви“? Денес би била лудост да не се пренесува плејоф на НБА.

Штерн бил најзаслужен што NBC потпишал договор со НБА во вредност од 600 милиони долари.

Набрзо во САД дошла и кабелска телевизија, рејтингот на лигата растел, натпреварите ги давале и надвор од Америка, а договорите се потпишувале на се подобри услови за лигата.

Последен пат НБА продавала права за пренос на натпреварите, во 2008 година кога потпишала договор со TNT и ESPN во вредност од 7,44 милијарди долари. Штерн знаел дека само телевизијата може да ја направи лигата популарна.

ТЕХНОЛОГИЈА

Дејвид Штерн никогаш не се плашел од нови технологии и промени во НБА. На почетокот на ’90-те години никој не можел да ја предвиди иднината на интернетот. На првиот состанок на кој се разговарало за можноста да се регистрира сајт NBA.com, Стерн не помислил ниту една минута и веднаш ги советувал и другите да регистрираат Bulls.com, Lakers.com, Kings.com итн.

Никој тогаш не сфаќал што да прави со тоа и многу раководни лица се откажале од таа идеја. Но после пар години интернетот стана главен извор за комуникација на лигата и клубовите со навивачите. Така НБА прва од сите лиги на светот стигнала и до Вселената.

По NBA.com во лигата се појавил и свој канал NBA TV, а набрзо и LeaguePass благодарение на кој навивачите од цел свет може да гледаат НБА натпревар дури и на своите мобилни телефони. Од Твитер до SportVU, од експериментот со синтетичка топка до врвна конструкција на кошаркарски обрач - НБА секогаш покажала способност да оди во чекор со времето.

Секоја година за време на Ол Стар викендот се организира Tech Summit, каде официјалните лица на лигата и другите компании разменуваат идеи како таа технологија може да и користи на НБА?

Светот се разви и НБА се разви под раководство на Дејвид Штерн.

ЅВЕЗДИ

Легендарниот Штерн не можел да управува со лигата ако не ја разбирал нејзината филозофија. НБА не е лига на менаџери, не е лига на клубови, туку лига на играчи. Успешна може да биде само тогаш кога во неа ќе играат ѕвезди. Но не само ѕвезди на паркетот туку и надвор од него.

Кога Дејвид Штерн станал комесар, играчите уште немале лични договори. Освен Меџик Џонсон кој имал спонзорски договор со 7UP, ниту Лери Берд, ни Карим Абдул, ни Доктор Џеј немале рекламни договори.

Со доаѓањето на Штерн на власт, ситуацијата се сменила. Тој сфатил дека за растот на НБА треба играчите да им станат интересни и на оние кои не гледаат НБА.

Негова задача била аудиториумот на Мајкл Џордан да биде поголем од аудиториумот на НБА.

Така научил да го „продава“ ликот и делото на своите ѕвезди. Вие и да не сте гледале НБА, понекогаш сте сакале да купите „џорданки“. Не сте знаеле кој е Грент Хил ама сте пиеле Спрајт. Баскетот не ви бил интересен, ама филмовите со Шекил О’Нил сте ги гледале. Ѕвездите на НБА се ширеле по цела НБА и популарноста на лигата, основана на маркетинг на најдобрите играчи само растела од година во година.

Кај него сите ѕвезди биле рамноправни и правилата важеле за сите.

МЕЏИК И СИДАТА

Најтежок момент во кариерата на Штерн била објавата на Меџик Џонсон за крај на кариерата поради тоа што се заразил од ХИВ. Тоа како лигата се понела во таа ситуација заслужува огромна почит и тоа лично Штерн.

На почетокот на ’90-те години светот малку знаел за ХИВ и како вирусот се пренесува. Во тој момент една од најголемите светски ѕвезди, еден од оние кои баскетот го внел во поп-културолошки феномен објавува дека има ХИВ.

Дејвид Штерн бил еден од првите на кои Меџик им се јавил и им кажал.

Благодарение на својата популарност, лигата станала организација која ја презела одговорноста да раскаже за ХИВ.

„Од почетокот кога само Меџик објави дека има ХИВ, ние сфативме дека сме должни да му раскажеме на светот за овој вирус. Велеа дека мислење за светското здравје не е наша работа, но сите информации за ХИВ ги дознававме од најдобрите лекари во тоа време и ги раскажувавме на светот“, раскажал еднаш Штерн.

На прес-конференцијата Меџик рекол дека сака еден ден да им раскаже на луѓето, особено на децата, за ХИВ, за да сфатат што е и како се пренесува.

Продуцентите на детското шоу на каналот Nickeldeon сакале да се поврзат со Меџик за да тој гостува кај нив. „Ѕвоневме но сите луѓе околу Меџик не сакаа да слушнат за нашата идеја. И тогаш му се јавивме на Дејвид Штерн. Дејвид можеше да го реши тоа. Тој беше единствен кој можеше да стигне до Меџик Џонсон на страна од сите менаџери. Горди сме на тоа што ни помогна“.

Пред Ол-Стар мечот во 1992 година многу навивачи го одбрале Меџик Џонсон, но некои кошаркари се противеле тој да учествува во натпреварот. Дејвид Штерн бил пред голема дилема но на крај, се сеќава Џонсон како било:

„Тој беше човек кој ја создаваше историјата... Кога во 1991. година објавив дека имам ХИВ, луѓето мислеа дека ќе се заразат само ако се ракуваат со мене. Сепак Дејвид ме покани на Ол-Стар мечот, а потоа играв и во Дрим Тимот следната година. Заедно го менувавме светот“.

ДРИМ ТИМ

Ако се говори чесно, НБА и Дејви Штерн прво биле против тоа ѕвездите да настапуваат на Олимписки Игри. Него го убедил неговиот прв помошник Рас Граник. А понатаму веќе и Штерн самиот ги убедувал сите работодавачи и сопственици на НБА тимови дека мора да ги пуштаат своите играчи на Олимписки Игри зошто најдобра експанзија на НБА има токму таму.

На ОИ 1992 се покажа сиот сјај на НБА. Иако франшизите веќе играле на меѓународни турнири, најчесто на McDonalds' Open, сепак Штерн е најзаслужен што репрезентацијата USA набрзо претставувала и три други букви - NBA.

БОРБАТА ПРОТИВ НАРКОТИЦИ

Кога легендарниот комесар дошол во НБА, ликот на лигата бил многу негативен. По оценките на крајот од ’70-те и ’80-те дури три четвртини од сите НБА кошаркари користеле наркотици.

На почетокот на ’80-те лигата со активно учество на Штерн, кој тогаш бил помошник комесар, се договориле со професионалниот сојуз на играчи за тестирање за дрога.

Откако Дејвид постигнал Колективен договор и телевизиски права, сакал да ја исчисти лигата од наркотици. Преломна станала 1986-та година - не само поради смртта на Лен Бајас веднаш после драфтот поради предозираност со кокаин, туку и поради првите суспензии: учесниците на Ол Стар Џон Дрју и Мајкл Реј Ричардсон добиле доживотни казни од НБА.

Но освен што им се заканувала со драконски казни на ирачите, НБА им давала и можност на кошаркарите кои се борат со зависност, самостојно да и се обратат на лигата за помош - во таа смисла и за лекување на алкохолизам.

Сите случаи биле строго поверливи и никогаш не се дознавало кој побарал помош.

Проблемот не е решен 100% до денешен ден и прашање е дали ќе биде решен, особено кога во лигата играат 500-ини играчи со разни карактери, разни потекла и разни социјални кругови. Но Штерн ја преобразил „наркоманската“ НБА во таков спорт каде не е страшно да го пратите своето дете.

ПРОШИРУВАЊЕ НА ЛИГАТА

При Дејвид Штерн НБА лигата се прошири од 23 на 30 франшизи. Асоцијацијата така отворила повеќе работни места за играчи, повеќе странски кошаркари доаѓаат да се пробаат во најсилната лига на светот, а НБА стана популарна во цел свет. Проширувањето никогаш не било направено само поради проширување зошто газдите на клубовите не би дозволиле. Секој нов тим бил смислен чекор.

НОВ ШАМПИОНСКИ ПЕХАР

Златниот пехар во форма на кошаркарска топка кој му се доделува на шампионот, потекнува уште од 1977 година кога НБА решила да го смени дотогашниот изглед на трофејот (бил како оној од Стенли Купот во НФЛ).

Дејвид Штерн се погрижил новиот пехар да добие име и статус - го нарекле трофејот Лери О’Брајен во чест на претходникот на Дејвид Стерн. Овој пехар го гледале милиони луѓе кои учествувале во шампионските паради или посетиле нечиј клупски музеј.

При Штерн, пехарот станал дел од културата на НБА.

НАГРАДИ

Кога Штерн станал комесар, во НБА имало само 7 индивидуални награди. Денес има 13. Во неговото владеење се појавиле признанијата најдобар одбранбен играч, најдобар 6-ти играч, играч со најголем развој. Во 2009 година Дејвид Стерн објави дека наградата MVP за најдобриот играч во сезоната ќе го носи името на Бил Расел, со цел НБА засекогаш да биде поврзана со големата легенда.

Штерн бил заслужен и што НБА добила видеоархива. Пред него никој не ги споменувал играчите кои ги завршувале кариерите. Тој верувал дека вниманието во историјата на лигата лежи голем потенцијал. Лигата била должна со поголемо внимание да ги третира своите легенди, да ја негува историјата и тесно да соработува со Куќата на славните кошаркари Нејсмит.

Дејвид Штерн во 2014-та година се повлече од позицијата комесар на НБА на која што беше цели 30 години што е најдолг период во историјата на американскиот спорт. На негово место дојде неговата долгогодишна десна рака - Адам Силвер.

Штерн со сопругата Дијана ги имал синовите Ендрју и Ерик