Даиловски го водеше Матрикс за победа над Рамстор

Екипите на ФК на Глуви Слобода, Гранит, ЈСП и Матрикс славеа победи во вториот ден од 9. коло во Бизнис лигата на Македонија.

ФК на глуви Слобода со одлична игра до победа над Уни Банка

ФК на глуви Слобода 7-4(3-1) Уни Банка

ФК на глуви Слобода: Самир Чеховиќ 17’ 21’ Сатула Алими 6’ 40’ Јасним Алими 17’ 38’ Бојан Ангелов 29’

Уни Банка: Ивица Орозовски 18’ 37’ Ангел Петковски 24’ Ненад Саздовски ‘

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ФК на глуви Слобода и Уни Банка, прва до водство дојде екипата на Слобода со погодок во 6та минута. По овој погодок екипата на Слобда започна со многу поофанзивна игра и со два погодци во 17та минута успеа да го зголеми водството на 3-0. Екипата на Уни Банка успеа до крајот на полувремето да постигне погодок и да се ја намали разликата за резултат од 3-1 на паузата. Во второто полувреме екипата на Слобода успеа да постигне погодок во раната фаза и да го зголеми водството од полувремето. Екипата на Уни Банка на сите можни начини се обидуваше да се врати во натпреварот но не упеваше да најде против игра за денес расположената екипа на Слобода која го доби овој натпревар со 7-4.

Тиквеш со лоша поставеност на играта не можеше да парира на Гранит

Гранит 14-2(7-1) Тиквеш

Гранит: Стефан Тевдовски 6’ Дарко Петровски 4’ 19’ 40’ Пепи Мицев 34’ 39’ Николче Глигуровски 3’ 20’ 22’ 30’ Александар Димитриовски 11’ 18’ Ненад Антовски 22’ Ернанд Рамдедовиќ 24’

Тиквеш: Филип Велјановски 16’ Коце Ивановски 23’

Екипата на Гранит одлично го започна натпреварот против екипата на Тиквеш со погодоци во раната фаза во 3та, 4та и 6та минута се стекна со високо водство кое од минута во минута го зголемуваше. Екипата на Тиквеш не успеваше да ја најде својата вистинска игра па на полувреме екипата на Гранит замина со високи 7-1. Во второто полувреме иста слика екипата на Гранит ја контролираше играта и резултатот па континуирано го зголемуваше водството за конечна победа од 14-2.

ЈСП го искористи краткиот ростер на ЕВН за сигурна победа

ЕВН 2-7(1-2) ЈСП

ЕВН: Наумче Бадаловски 3’ 23’

ЈСП: Љупчо Павловиќ 37’ Даниел Антовски 15’ 26’ 35’ 39’ 40’ Тихо Фидановски 4’

Екипата на ЕВН одлично го започна натпреварот портив екипата на ЈСП со погодокот на Бадаловски во 3та минута. Екипата на ЈСП за кусо време односно во 4та минута се врати резултатски во натпреварот со погодокот на Фидановски. Во преостанатиот дел од полувремето екипата на ЈСП имаше повеќе од играта што им донесе предност во 15та минута за водство од 1-2. По оваа негатива екипата на ЕВН започна со поагресивна игра кон голот на ЈСП о цел да дојде до израмнување но не успеаа во таа намера па на паузата се замина со резултатот од 15та минута 1-2. Во второто полувреме екипата на ЕВН успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување. По ова израмнување на резултатот тренерот на екипата на ЈСП направи неколку промени во тактиката на игра што вродија со плод па за само неколку минути даниел Антовски успеа повтроно да ја доведе својата екипа во предност. До крајот на натпреварот екипата на ЕВН бркаше израмнување а ЈСП преку расположениот Антовски успеа да стигне до висока победа од 7-2.

Даиловски го водеше Матрикс за победа над Рамстор

Матрикс 5-1(2-1) Рамстор

Матрикс: Петре Даиловски 13’ 19’ 39’ 39’ Дарко Цветковски 23’

Рамстор: Авни Воша 11’

Првиот дел од полувремето во натпреварот помеѓу Матрикс и Рамстор помина во жесток ритам на игра без многу шанси за погодок на двете страни. Играчите на двете екипи беа многу претпазливи и во овие воведни минути ги одмеруваа силите, како одминуваше времето двете екипи започнаа со поофанзивен стил на игра што и донес епогодок на екипата на Рамстор во 11та минута и водство од 0-1. Следуваше брз одговор од екипата на Матрикс која преку Даиловски во 13та го израмни резултатот. И кога се очекуваше дека на полувремето ќе се замине со 1-1 во 19та минута Даиловски со ефектен погодок и донесе на својата екипа водство од 2-1 резултат со кој се замина на паузата. На стартот од второто полувреме екипата на Матрикс успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 3-1. Ова беше знак за екипата на Рамстор да фрли се на една карта и да тргне во нападот по израмнување, екипата на Матрикс одлично ја постави својата игра во одбраната па успеваше да одолее на нападите а во последните минути од натпреварот да ги искористи грешките во одбраната на Рамстор за зголемување на предноста и конечна победа од 5-1.

27 ноември 2019 - 16:09