Пекабеско со тимска игра до победа над Уника
Пекабеско 6-3(3-1) Уника
Пекабеско: Ловица Левајковски 10’ 34’ алвин Бачко 3’ 7’ 31’ Бојан Александровски 35’
Уника: Даниел Стојановски 38’ Саше јакимовски 3’ Тимотеј Нешовски 28’
Одличен старт на екипата на Уника во дуелот со пекабеско со погодокот на Јакимовски во 3та минута, следуваше брз одговор на екипата на Пекабеско преку расположениот Бачко со два погодоци во 3та и 7та минута за целосен резултатски пресврт. По ова екипата на Уника се префрли на противничката половина со цел да дојде до израмнување на резултатот но ваквата игра ја остави ранлива во одбраната што Пекабеско го искористи за зголемување на водството и предност од 3-1 до полувремето. Во второто полувреме екипата на Уника влезе со поагресивна игра и вршеше пресинг кон голот на Пекабеско со цел да го намалат водството од полувремето во што и делумно успеаа но сепак екипата на Пекабеско не дозволи изненадување и до крајот усапеа да ја задржи предноста за победа во овој дуел со 6-3
Макпетрол имаше доволно гориво да го совлада Македонски Телеком
Македонски Телеком 2-7(1-4) Макпертол
Македонски Телеком: Стефан насковски 20’ Џенис Бекир 33’
Макпетрол: Бенер Бекиовски 20’ 30’ Марко Костенцовски 17’ игор Секуловски 20’ 39’ 39’ Горан Новакоски 9’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Македноски Телеком и Макпетрол, уште на самиот старт почнаа да се редат шанси за погодок на двете страни. Екипата на Макпетрол со погодок во 9та минута успеа да го отвори резултатот за водство од 1-0. По оваа негатива екипата на Телеком се префрли на противничко поле и се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Макпетрол не дозволи изненадување со одлично поставена игра во одбраната. Во последните минути од полувремето се случи вистинска голеада од екипата на Макпетрол која го доби полувремето со 1-4. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра во кој екипата на Телеком со чести ротации на играчи се обиде да фати резултатски приклучок но не успеа да ја најде својата игра а екипата на Макпетрол ја искористи таа можност па рутинирано го приведе натпреварот во своја полза. Карј 2-7.
Аџибадем Систина со борбена игра стигна до реми во дуелот со Фабрика Карпош - ГИМ
Аџибадем Систина 6-6(2-3) Фабрика Карпош – ГИМ
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 15’ 38’ Далибор Дамјановиќ 35’ Игор Ѓеорѓиевски 9’ 32’ Влатко Кузмановски 39’
Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 6’ 12’ Кристијан Панев 18’ Филип Илиевски 8’ 22’ 28’
Интересно прво полувреме исполнето со одлични акции атрактивни потези и одлични голови. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ со голот на Божиков во 6та минута го отвори резултатот, а неколку минути подоцна и да го зголеми водството на 2-0. Екипата на Аџибадем Систина со голот на Ѓоргиевски успеа да го намали резултатот на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ имаше повеќе од играта па на полувреме замина со предност од 2-4. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок во што и успеа со сигурна игра од минута во минута ја топеше предноста на Фабрика Карпош – ГИМ за во 38та минута да дојде на само гол негатива и да ја направи завршницата неизвесна. Во ваквата неизвесна завршница екипата на Аџибадем Систина успеа да го израмни резултатот но не и да направи целосен пресврт па екипите ги поделија бодовите со 6-6.