Тиквеш со краток ростер не можеше да му парира на Пекабеско

Во последниот ден од 17. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Рамстор, Макпетрол и Пекабеско.

Рамстор со цврста одбрана и брзи контри дојде до победа над ЕВН

Рамстор 8-4(4-1) ЕВН

Рамстор: Кадир Јахија 2’ 14’ 26’ 40’ Фуркан Муртезан 33’ Ибрахим Бекир 11’ Енгин Мемеди 4’ 38’

ЕВН: Наумче Бадаловски 6’ Бојан Симоновски 37’ Томи Илиевски 39’ Виктор Валканчев 40’

Одличен старт за екипата на Рамстор во дуелот со ЕВН со двата погодоци во 2та и 4та минута, по ова екипата на ЕВН започна со поагресивна игра што и донесе погодок во 6та минута за намалување на 2-1. До крајот на полувремето екипата на Рамстор беше поконкретна и своите шанси ги претвори во гол па на полувреме замина со предност од 4-1. Во второто полувреме екипата на ЕВН се обидуваше со промена на тактиката користејќи во фаза на напад голман играч со цел да створи вишок во нападот како би била поопасна кон противничкиот гол, но екипата на Рамстор одлично ја постави својата одбрана а казнуваше преку контра напади за конечна победа од 8-4.

Макпетрол со тимска игра до победа над Аптив

Макпетрол 7-4(3-0) Аптив

Макпетрол: Мишо Ѓорѓиовски 16’ 18’ 22’ 36’ Никола Секуловски 21’ Александар Мишоски 38’ Горан Новакоски 7’

Аптив: Марковски Александар 40’ Трајковски Иле 25’ Стаматовски Кире 29’ 39’

Прво полувреме исполнето со многу шанси и на двете страни одиграа екипите на Макпетрол и Аптив. Екипата на Макпетрол во 7та минута од полувремето успеа еден контра напад да го претвори во погодок и водство од 1-0. По оваа негатива екипата на Аптив започна со нешто понапаѓачка игра со цел да дојде до израмнување, но таквата игра ги остави ранливи во одбраната што знаеше да го искористи екипата на Макпетрол и преку контра напади да казнува за резултат од 3-0 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Аптив со сите сили се обидуваше да стори нешто повеќе во овој натпревар но екипата на Макпетрол со сигурна игра рутинирано го приведе овој натпревар во своја полза со конечен резултат од 7-4

Тиквеш со краток ростер не можеше да му парира на Пекабеско

Тиквеш 3-9(1-4) Пекабеско

Тиквеш: Гоце Ивановски 5’ 29’ 35’

Пекабеско: Алвин Бачко 22’ 37’ Александар Арсиќ 27’ Мартин Чаловски 2’ 8’ Никола Миновски 10’ 11’ 31’ Ерсан Зекир 39’

Првата фаза од полувремето во целост и припадна на екипата на Пекабеско која во 2та минута го отвори резултатот со погодокот на Чаловски. Екипата на Тиквеш неколку минути подоцна односно во 5та минута успеа да израми на 1-1. По овој израмнувачки погодок следуваа одлични минути за екипата на Пекабеско која до 11та минута успеа да стигне до предност од 1-4. До крајот на полувремето екипата на Тиквеш се бидуваше да ја намали негативата, но не успеа во тоа па на полувреме се замина со 1-4 во корист на Пекабеско. Во второто полувреме екипата на Тиквеш и покрај скратениот ростер на играчи со сите сили се обидуваше да ја пронајде својата игра и да фати резултатски приклучок, но екипата на Пекабеско не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 3-9.

28 февруари 2020 - 16:07