Ван Хоол беа сигурни во дуелот со Џојсон Сејфти Системс
Џојсон Сејфти Системс 2-8(1-6) Ван Хоол
Џојсон Сејфти Системс: Марко ДИмовски 1’ Борче Аргиловски 27’
Ван Хоол: Антонио Петровски 4’ Даниел Стаменковски 19’ 32’ Ненад Саздовски 39’ Филип Белчовски 1’ 9’ 14’ Христијан Павловски 12’
Деветото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Џојсон Сејфти Системс и Ван Хоол, Џојсон Сејти Системс го постигна најбрзиот погодок во оваа сезона и за само 16 секунди дојде до предност од 1-0. Ван Хоол имаше брз одговор и уште во истата минута дојде до израмнување од 1-1. Израмнувачкиот гол на екипата на Ван Хоол им даде ветер во грб па продолжи со агресивна игра и силен притисок кон голот на Џојсон Сејфти Системс па во 14та минута веќе имаше високо водство од 1-5. До крајот на полувремето Екипата на Џојсон Сејфти Системс се обидуваше да фати резултатски приклучок но не успеа во тоа па на паузата се замина со резултат од 1-6 во корист на Ван Хоол. Во второто полувреме екипата на Џојсон Сејфти Системс со сите сили се обидуваше да ја намали високата предност на Ван Хоол од полувремето, направи промена во тактиката внесувајќи во игра голман играч но екипата на Ван Хоол одлично ја постваи својата одбрана и ги затвори сите приоди кон својот гол. До крајот на натпреварот екипата на Ван Хоол успеа да го зголемат водството и да го добијат овој натпревар со 2-8.
А1 со тимска игра до победа над Лукоил
А1 10-5(3-1) Лукоил
А1: Мартин Ангеловски 36’ Мартин Тодоровски 5’ 23’ 25’ Ниукола Спасевски 30’ Иле Никодиновски 27’ 29’ Мартин Ташковски 6’ 9’ 34’
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 6’ 37’ Гоце Мојсовски 30’ 40’ Лоренцо Николовскиу 38’
Возбуливо прво полувреме одиграа екипите на А1 и Лукоил, прва до водство дојде екипата на А1 со погодок во 5та минута, следуваше брз одговор на екипата на Лукоил за во 6та минута да е 1-1. Во 6та минута екипата на А1 успеа да реализира еден напад и повторно да го превземе водството на 2-1. КОн средината на полувремето односно 9та минута Ташкоски со соло продор успеа да зголеми на 3-1. До крајот на полувремето екипата на Лукоил со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но не успеа во таа намера па на полувремето се замина со 3-1 во корист на А1. Во второто полувреме екипата на Лукоил со чести ротации на играчи и вклучувајќи во игра голман играч се обиде да ја намали високата предност на А1 во што и делумно успеа но сепак екипата на А1 со одлична игра во фаза на напад и одбрана не дозволи изненадување и успеа да го добие овој натпревар со 10-5.
Во комшиското дерби Џонсон Мети подобар од Аптив
Џонсон Мети 7-3(2-1) Аптив
Џонсон Мети: Александар Недев 26’ Бојан Дејановски 24’ 39’ Благојче Божиковски 14’ 39’ Бране Стојановски 2’ Љупче Стојановски 35’
Аптив: Хрдаличка Дамјан 30’ Иле Трајковски 4’ Кире Стаматовски 32’
Одличен старт за екипата на Џонсон Мети во дуелот со Аптив со погодок во втората минута и водство од 1-0. Екипата на Аптив брзо се врато по овој почетен шок па со погодокот на Трајковски во 4та миунта успеа да дојде до израмнување. По овие воведни погодоци натпреварот продолжи во жесток ритам во кој и двете екипи имаа одлични периоди на игра но екипата на Џонсон Мети со одличниот погодок на Божиновски во 14та минута успеа повторно да дојде до предност од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Аптив беше таа која бркаше израмнување но не успеа во тоа па на паузата се замина со резултатот од 14та минута 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на Џонсон Мети за кратко време успеа да постигне два погодоци и да се стекне со солидна предност од 4-1. Сепак екипата на Аптив не се откажуваше од овој натпревар па со стрплива игра која ја градеше во текот на полувремето во 32та минута успеа да дојде до гол негатива и да го направи остатоткот на натпреварот супер интересен. Во таквата завршница сепак поуспешна беше екипата на Џонсон Мети која го доби овој натпревар со 7-3.