Ивица Петровски ја водеше Аџибадем Систина до победа над Окта

Во последниот ден од 12. коло од Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Пекабеско, Аџибадем Систина и ЕЛЕМ.

Миновски со хет трик му донесе победа на Пекабеско во дуелот со Уни Банка

Уни Банка 2-4(1-3) Пекабеско

Уни Банка: Александар Јовановски 11’ Ненад Саздовски 27’

Пекабеско: Алвин Бачко 20’ Никола Миновски 5’ 11’ 13’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Пекабеско, екипата на Пекабеско одлично го отвори овој натпревар со погодок во 5та минута и водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Уни Банка се префрли во предно поле и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување, но не успеа во таа намера а екипата на Пекабеско успеа да казни со втор погодок во 11т аминута. Следуваше брз одговор на екипата на Уни Банка со погодокот на Јовановски во истата минута, но до крајот на полувремето екипата на Пекабеско имаше повеќе од играта па на полувреме замина со предност од 1-4. Во второто полувреме екипата на Уни Банка продолжи со напаѓачка игра со цел да фати резултатски приклучок што им успеа во 27та минута со голот на Саздовски, но немаа доволно сили да стора нешто повеќе па екипата на Пекабеско славеше со 2-4

Ивица Петровски ја водеше Аџибадем Систина до победа над Окта

Окта 1-5(1-2) Аџибадем Систина

Окта: Иван Димитриевски 11’

Аџибадем Систина: ивица Петровски 30’ Кристијан Димковски 15’ 38’ Ерџан Ибиши 10’ 26’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Окта и Аџибадем Систина, уште на самиот старт двете екипи започнаа со отворен ситл на игра што донесе многу шанси за погодок на двете страни. Екипата на Аџибадем Систина прва го отвори резултатот во 10та минутра со погодокот на Ибиши, следуваше брз одговор со одличниот погодок со голманот на Окта Димитриевски за израмнување на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Систина беше пококретна што се одрази на резултатот 1-2 со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Окта фрли се на една карта и тргна агресивно кон голот на Систина, таквата отворена игра остави голем простор во нивната одбрана што екипата на Аџибадем Систина преку контра напади знаеше да го казни за победа во овој натпревар од 1-5.

20 декември 2019 - 08:44