Трајче Илиевски со погодок во последната минута ја осигура победата на Сава Осигурвање во дуелот со Аџибадем Систина.
Сава Осигурување 6-5(3-1) Аџибадем Систина
Сава Осигурување: Данило Поповски 12’ 13’ Јовица Марковски 30’ Коста Глигуровски 2’ 33’ Трајче Илиевски 40’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски Митковски 25’ 34’ Далибор Дамјановиќ 8’ 26’ Влатко Кузмановски 21’
Екипите на Сава Осигурување и Аџибадем Систина одиграа натпревар полн со пресврти кој беше неизвесен до самиот крај. Првото полувреме екипата на Сава Осигурување играше отворен фудбал во висок ритам со што успеваа да дојдат до изгледни шанси за гол кои ги реализираа. Екипата на Аџибадем Систина не се снајде најдобро во ваквата игра па го загуби полувремето со 3-1. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина направи промена во тактиката па со голман играч успеа да створи вишок во нападот што вроди со плод и од минута во минута ја топеше предноста на Сава Осигурување се до 34та минута кога успеаа да дојдат до израмнување на резултатот од 5-5 со што се влезе во егал завршница. Во ваквата завршница екипата на Аџибадем Систина направи грешка во одбраната што ја искористи Трајче Илиевски и со погодок во последните секунди од натпреварот на својата екипа и ја донесе победата со резултат од 6-5.
Ајвази со хет-трик и донесе победа на Водовод над ЕЛЕМ
ЕЛЕМ4-8(2-3) Водовод
ЕЛЕМ: Златко Станковски 6’ 8’ 40’ Јован Тодоров 37’
Водовод: Стефан Вангелски 26’ Бесим Муслиу 4’ Авни Ајвази 1’ 28’ 40’ Јакуп Зекири 11’ Столе Ивановски 25’ 40’
Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Водовод во текот на целото прво полувреме се играше егал. Прва до водство дојде екипата на Водовод која за неполни две минути го зголеми водството на 0-2, по што следеше офанзивва на ЕЛЕМ со која успеаа да го израмнат резултатот на 2-2. Но екипата на Водовод успеа полувремето да го заврши со резултат во своја полза од 2-3. Во второто полувреме екипата на Водовод со чести измени играше во висок ритам на игра па од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на ЕЛЕМ со краток ростер не успеа да парира на ваквиот ритам на игра на екипата на Водовод па го загуби овој натпревар со 4-8.
Публиката како шести играч кај Уни Банка во победата над МЕПСО
Уни Банка 5-0(1-0) МЕПСО
Уни Банка: Ѓорѓи Пецевски 26’ Ивица Орозовски 30’ Ангел Петков 6’ Ненад Садовски 21’ 39’
Уни Банка максимално мотивирана со одлична тактика и пристап влезе во дуелот со МЕПСО. Ваквата сериозност уште на самиот старт вроди со плод, па во 6та минута ти веќе имаа водство од 1-0. Екипата на Мепсо немаше своја вечер и одговор за вака расположената Уни Банка па на полувремето се замина со резутатот од 6та минута 1-0. Во второто полувреме екипата на Уни Банка го подигна нивото на играта во одбраната што резултираше со брзи контри во нападот од кои најчесто завршуваа со одлична реализација. Од тука и високиот резултат на крајот на натпреварот од 5-0. Мора да напоменеме дека одличната публика беше шести играч во тимот на Уни Банка и истата ги мотивираше да ја остварат оваа висока победа.