Иако реши да игра за земјата во која е роден (Шведска, Стокхолм), 19-годишниот Дејан Кулушевски кој во моментов важи за еден од најдобрите играчи во Серија А и кој е на радар на големите клубови, не заборава на своите корени.
На 18 ноември годинава, Кулушевски го забележа првиот настап за сениорската репрезентација на Шведска, на мечот против Фарски Острови (3:0) на „Френдс Арена“ во Стокхолм, во квалификациите за Евро 2020 за кое Дејан скоро сигурно ќе добие повик.