Матрикс предводена од Богески до победа над Еуро Табак

Две нерешени средби и победа на Матрикс над Еуро Табак на првиот ден од 12. коло во Бизнис лигата на Македонија.

А1 и Гранит ги поделија бодовите

А1 3-3(3-1) Гранит

А1:Јовица Наумовски 16’ 19’ Ненад Богдановиќ 10’

Гранит: Дарко Петров 22’ Николче Глигуровски 14’ 29’

Дванаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на А1 и Гранит, екипата на А1 уште на самиот старт напетна високо темпо на игра створи неколку шанси за гол па успеа да реализира во 10та минута преку Богдановиќ за воство од 1-0. Екипата на Гранит успеа да одговори во 14та минута преку Глигуровски за 1-1. До крајот на полувремето екипата на А1 имаше повеќе од играта што се одрази на резултатот за водство од 3-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Гранит успеа да постигне погодок преку Петров и да дојде до само гол негатива. Овој погодок беше дополнителен мотив да продолжат со агресивна игра што им донесе израмнување во 29та минута. ВО преостанатиот дел од натпреварот и двете екипи имаа прилики да го добијат натпреварот но не успеа па на крајот се задоволија со поделба на одовите на резултат од 3-3.

ЈСП и Ван Хоол одиграа реми

ЈСП 4-4(3-3) Ван Хоол

ЈСП: Тихо Фидановски 6’ 9’ 11’ 22’

Ван Хоол: Антонио Птровски 4’ Ненад Саздовски 3’ 29’ Филип Белчовски 16’

Одличен старт за екипата на Ван Хоол во дуелот со ЈСП со погодоците на Саздовски во 3та и петровски во 4та минута. Ова рано водство за Ван Хоол не ја демотивира екипата на ЈСП, која започна со агресивна игра и преку расположениот Фидановски кој со три погодоци успеа да направи целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Ван Хоол бркаше израмнување што им успеа со голот на Белчовски за 3-3 резултат со кој се змаина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЈСП успеа уште на самиот стат повторно да го превземе водството на 4-3, по ова екипата на Ван Хоол повторно ја превзема улогата на екипа која брка израмнување тие се префрлија пред голот на ЈСП и напаѓаа со жесток притисок што вроди со плод во 29та минута за израмнување на 4-4 резултат со кој заврши натпреварот.

Матрикс предводена од Богески до победа над Еуро Табак

Еуро Табак 5-10(2-3) Матрикс

Еуро Табак: Мартин Ливрински 3’ Дејан Јанковски 7’ 30’ 40’ Григориј Јовановски 28’

Матрикс: Петре Даиловски 35’ Дарко Цветковски 12’ Мирко Богески 3’ 23’ 29’ 40’ Антонио Богдановски 17’ 34’ Маријан Огненовски 24’ Панче Дангев 38’

Одличен старт за екипата на Матрикс во дуелот против Еуро Табак со погодокот на Богевски во 3та минута. Следуваше одговор од екипата на Еуро Табак во истата минута со погодокот на Ливрински и израмнување на 1-1. Неколку минути подоцна односно во 7та минута екипата на Еуро Табак со голот на Јанковски направи целосен резултатски пресврт од 2-1. По оваа негатива екипата на Матрикс започнаа со поагресивна игра и со погодците на Цветковски во 12та и Богдановски во 17та минута успеаа повторно да го вратат водството на својата екипа 2-3 резултат со кој се замина на паузата. Во вторто полувреме екипата на Еуро Табак фрли се на една карта и тргна во офанзива по израмнување, екипата на Матрикс ја искористи празнината во одбраната на Еуро Табак па преку контра напади успеваше да казни и на крајот да извојува висока победа од 5-10

17 декември 2019 - 15:43