Фабрика Карпош – ГИМ со пресврт до победа над Сава Осигурување
Сава Осигурување 2-3(0-0) Фабрика Карпош – ГИМ
Сава Осигурвање: Јовица Марковски 21’ 31’
Фабрика Карпош – ГИМ: Тони Котев 30’ Ѓорѓи Божиков 39’ Кристијан Панев 39’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Сава Осигурвање и Фабрика Карпош – ГИМ, во ова прво полувреме двете екипи имаа свои периоди на игра во кои успеаа да создадат шанси за погодок но имаа слаба реализација па мрежите на двете страни останаа мирни. На полувреме се замина со резултат од 0-0. На стартот на второто полувреме Сава Осигурвање успеа да постигне погодок за водство од 1-0, по оваа негатива екипата на Фабрика Карпош фрли се на една карта и тргна по израмнување таа вршеше силен притисок кон голот на Сава Осигурување кои успеаа да одолеат на овој притисок се до 30та минута кога Фабрика Карпош успеа да реализира за израмнување. Веќе следната минута екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и повторно да го превземе водството па на екипата на Фабрика Карпош и преостана во последните минути од натпреварот да брка израмнување. Во 39та минута екипата на Фабрика Карпош успеа да постигне два погодоци за целосен пресврт и победа во овој дуел со резултат од 2-3.
Македонски Телеком сигурни во играта со ЈП Водовод
Македонски Телеком 7-0(1-0) ЈП Водовод
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 10’ 23’ 30’ Гоце Филипов 38’ Стефан Наскоски 22’ Даниел Анчевски 21’ Роберт Поповски 40’
Првиот дел од полувремето помина во мирен ритам на игра без многу шанси за погодок на двете страни. Како одминуваше времето екипата на Телеком ја превзеде иницијативата и вршеше силен притисок кон голот на Водовод што и донесе предност во 10та минута од натпреварот. До крајот на полувремето екипата на Водовод со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но не успеа во таа намера па телеком за мина на полувреме со предност од 1-0. Екипата на Телеком имаше фуриозен старт во вториот дел па за само три минути успеа да постигне три погодоци и да се стекне со предност од 4-0. Овие погодоци ја срушија концепцијата на екипата на Водовод па во преостанатиот дел натпреварот екипата на Телеком го заврши рутинирано и го доби овој натпревар со 7-0
Екипата на Уни Банка предводена од Хаџидинев до победа над Уника
Уни Банка 10-3(5-1) Уника
Уни Банка: Владислав Хаџидинев 29’ Ивица Орозовски 4’ 5’ 12’ 18’ Ангел Петков ‘ 35’ Марко Ташков 38’ Ненад Саздовски 20’ Методиј Христовски 26’
Уника: Васко Кокаланов 5’ 37’ 37’
Одличен старт за екипата на Уни Банка во дуелот со Уника, веќе во петата минута екипата на Уни Банка имаше водство од 2-0. Екипата на Уника во 5та минута успеа да постигне погодок и да фати резултатски приклучок. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка прикажа одлична игра и своите шанси успеа да ги претвори во погодоци за високи 5-1 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Уника со сите сили се обидуваше да ја намали високата негатива но не успеа да најде против игра за денес расположената екипа на Уни Банка која го доби овој натпревар со високи 10-3.