Макпетрол во второто полувреме го скрши отпорот на ЏојсонСејти Системс

Во третиот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија, славеа екипите на Ван Хоол, Еуро Табак и Макпетрол.

Ван Хоол со одлично прво полувреме до сигурна победа над ЕЛЕМ

Ван Хоол 6-1(4-0) ЕЛЕМ

Ван Хоол: Игор Минов 11’ 32’ 40’ Филип Белчовски 5’ 20’ Христијан Павловски 19’

ЕЛЕМ: Александар Бокан 36’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Ван Хоол и ЕЛЕМ, уште на самиот почеток екипата на Ван Хоол наметна високо темпо на игра што и донесе погодок во 5та минута за водство од 1-0. Екипата на ЕЛЕМ со“скратена склупа”без многу можност за ротации даде максимум со цел да дојде до израмнување, но екипата на Ван Хоол не остави многу простор за игра па со уште еден погодок во 11та минута успеа да дојде до водство од 2-0. Во завршницата на полувремето екипата на Ван Хоол успеа да постигне уште два погодоци и на полувреме да замине со солидна предност од 4-0. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи со притисок кон голот на Ван Хоол, но екипата на Ван Хоол го затвори пристапот кон својот гол и не и дозволи на екипата на ЕЛЕМ резултатски да се приближи. Екипата на Ван Хоол го доби овој натпревар со сигурна предност од 6-1.

Аџибадем Систина со скратен ростер не можеше да му парира на Еуро Табак

Аџибадем Систина 3-14(1-5) Еуро Табак

Аџибадем Систина: Кристијан ДИмковски 29’ 40’ Далибор Дамјановиќ 4’

Еуро Табак: Мартин Ливирнски 10’ 16’ 25’ 30’ 30’ Дејан Јанковски 1’ 21’ 22’ 40’ Григориј Јовановски 26’ 33’ 36’ Сашко Јовановски 8’ 8’

Фуриозен старт за екипата на Еуро Табак во дуелот со Аџибадем Систина кои постигнаа погодок уште во првата минута со погодокот на Јанковски за водство од 0-1. Екипата на Систина во 4та минута успеа да реализира еден контра напад за израмнување на 1-1. По ова израмнување следуваше одличен период за екипата на Еуро Табак која до 10та минута успеа да се стекне со водство од 1-4. До крајот на полувремето екипата на Систина се обидуваше да дојде до израмнување но не успеа во таа намера па екипата на Еуро Табак замина на полувремето со заслужена предност од 1-5. Во второто полувреме екипата на Систина не успеа да ја најде својата игра и да фати резултатски приклучок а екипата на Еуро Табак со сигурна игра од минута во минута го зголемуваше водството за на крајот да слави со убедливи 3-14

Макпетрол во второто полувреме го скрши отпорот на Џојсон Сејти Системс

Џојсон Сејти Системс 2-7(1-2) Макпетрол

Џојсон Сејфти Системс: Стефче Велковски 15’ Борче Аргиловски 34’

Макпетрол: Мишо Ѓорѓиовски 21’ 29’ Никола Секуловски 27’ Александар Мишоски 9’ 19’ Христијан Мицевски 31’ 32’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Џојсон Сејти Системс и Макпетрол, воведните минути од натпреварот поминаа во испитување на силите и двете екипи беа доста претпазливи и внимаваа на својот гол. Како одминуваше времето и двете екипи започнаа со поотворен фудбал што донесе и погодок во 9та минута за екипата на Макпетрол и водство од 0-1. Екипата на Џојсон Сејти Системс по оваа негатива се префрли на противничко поле и вршеше притисок како би дошла до израмнување, тоа им успеа во 15та минута за израмнување на 1-1. Екипата на Макпетрол во 19та минута од полувремето успеа да искористи кикс во одбраната на Џојсон Сејти Системс и да стрела за 1-2 резултат со кој се замина на полувреме. На стартот на второто полувреме екипата на Макпетрол успеа да постигне погодок и да го зголеми водството. ПО оваа негатива екипата на Џојсон Сејти Системс се обиде со промена на тактиката со внесување на голман играч и тргна по целосна офанзива, сепак таквата отворена игра остави проствор во нивната одбрана а тоа го искористи екипата на Макпетрол и преку контра напади успеваше да казни за на крајот да извојува победа од 2-7

5 март 2020 - 11:00