ЕВН во последната минута до победата на ЕЛЕМ

Екипите на Макпетрол, Рамстор и ЕВН славеа победи во последниот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија.

ЕВН во последната минута до победата на ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 3-4(0-1) ЕВН

ЕЛЕМ: Влатко Петровски 22’ 34’ Ивица Апостоловски 39’

ЕВН: Вилијам Митев 19’ Наумче Бадаловски 39’ Томи Илиевски 40’ Бојан Тодоровски 35’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и ЕВН, двете екипи влегоа претпазливо во овој натпревар и фокус ставија на одбраната, па затоа изостанаа шансите и погодоците. Како одминуваше времето се засилуваше темпото на игра па и двете екипи со повремени контра напади се закануваа кон противничкиот гол, и кога се очекуваше дека на полувреме ќе се замина со резултат од 0-0 екипата на ЕВН успеа да искористи кикс во одбраната на ЕЛЕМ и со погодокот на Митев да го отвори резултатот на 0-1 предност со која замина на паузата. На стартот на второто полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување. До крајот на натпреварот двете екипи имаа свои одлични периоди на игра и успеаа да постигнат по уште еден погодок, а екипата на ЕВН беше поумешна во последните минути од натпреварот успеа да реалзира и да го добие овој натпревар со 3-4.

Рамстор ја продолжи победничката серија вод уелот со Аџибадем Систина

Рамстор 12-3(5-1) Аџибадем Систина

Рамстор: Енгин Мемеди 8’ Азрет Абаз 16’ 17’ Ибрахим Бекир 40’ Алтај Иметовски 12’ 25’ Хурјет Шаќири 40’ Кадир Јахија 15’ 21’ 31’ 36’ 39’

Аџибадем Систина: Далибор Дамјановиќ 32’ Влатко Кузманов 1’ Диме Стевковски 28’

Одличен старт на екипата на Систина во дуелот со Рамстор со погодокот на Кузманов во 1та минута за водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Рамстор започна со агресивна игра и силен притисок кон голот на Систина па до 15та минута успеаа да направат целосен резултатски преврт. До крајот на полувремето екипата на Рамстор ги искористи сите свои прилики за гол и успеа на полувремето да замина со предност до 5-1. Во второто полувреме екипата на Систина со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Рамстор не остави простор за игра и рутинирано го приведе овој натпревар во своја полза со резултат од 12-3

Макпетрол сигурни во дуелот со Пекабеско

Макпетрол 8-2(4-0) Пекабсеко

Макпетрол: Мишо Ѓорѓиоски 1’ 15’ Марко Костенцовски 10’ 23’ Ибраим Исмаили 15’ 26’ Александар Мишоски 24’ Христијан Мицевски 33’

Пекабеско: Сухамед Бачко 30’ Ерсан Зекир 34’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и Пекабеско, уште на самиот стат екипата на Макпетрол ја превзеде иницијативата и започна со својата препознатлива игра со многу комбинаторика и одлично воиграни акции. Таквата отворена игра и донесе погодок уште во првата минута со голот на Ѓоргиовски, по оваа негатива екипата на Пекабеско се префрли на противничко поле и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување, но екипата на Макпетрол преку контра напад во 10та минута со голот на Костенцовски успеа да дојде до водство од 2-0. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол имаше повеќе од играта и заслужено на полувремето замина со предност од 4-0. Во второто полувреме екипата на Пекабеско сите сили се обидуваше да ја намали високата негатива од полувремето но екипата на Макпетрол со одлична игра во фаза на напад и одбрана не остави простор за екипата на Пекабеско и заслужено го доби овој натпревар со високи 8-2.

14 февруари 2020 - 15:48