Во натпревар пол со пресврти Лукоил подобри од ФК на глувиСлобода

Во вториот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа Лукоил, Ван Хоол и Еуро Табак, а А1 и ТАВ одиграа без победник.

Во натпревар пол со пресврти Лукоил подобри од ФК на глуви Слобода

Лукоил 9-6(3-3) ФК на глуви Слобода

Лукоил: Мартин Алаѓозовски 13’ 25’ 26’ Гоце Мојсоски 25’ лоренцо Николовски 5’ 36’ Васко Стефанов 29’ Анѓелчо Арсов 29’ Антонио Фенов 3’

ФК на глуви Слобода: Илијас Бахтијар 2’ 8’ 22’ Стојковски Мартин 31’ Јасин Алими 39’ Сатула Алими 11’

Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и ФК на глуви Слобода, двете екипи во овој натпревар влегоа со високот темпо на игра и за кратко време имаа одлични шанси за погодок. Први до водство дојдоа од екипата на Слобода уште во втората минута, но екипата на Лукоил за кратко уште во 5та минута успеа да дојде до целосен пресврт и водство од 2-1. По ова екипата на Слобода успеа да искористи дупка во одбраната на Лукоил за повторно израмнување. До крајот на полувремето двете екипи успеаа да постигнат по уште еден гол па на паузата се замина со 3-3. На стартот на второто полувреме екипата на Слобода брзо успеа да постигне погодок и да ја натера екипата на Лукоил да биде таа која повторно го брка резултатот. Сепак екипата на Лукоил ги консолидираше своите редови го израмни резултатот а потоа и од минута во минута го зголемуваше водството за конечна победа од 9-6.

Во израмнет натпревар А1 и ТАВ ги поеделија бодовите

А1 4-4(2-1) ТАВ

А1: Мартин Тодоровски 17’ Ненад Богдановиќ 6’ Мартин Ташоски 24’ Јовица Наумовски

ТАВ: Александар Митковски 10’ Ријат Сулејмани 30’ Даниел Симиќ 39’ Мартин Арсковски 38’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на А1 и ТАВ, прва до водство дојде екипата на А1 со погодокот на Богдановиќ во 6та минута. По оваа негатива екипата на ТАВ започна со агресивна игра што и донесе резултат во 10та минута со погодокот на Митковски за израмнување на 1-1. До крајот на полувремето екипата на А1 имаше повеќе од играта па реализираше за предност од 2-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на А1 продолжи со високо темпо на игра па во 24та минута успеа да го зголеми водството на 3-1. Ова беше знак за Тав да ги консолидира своите редови и да атакува кон голот на А1 па во 30та минута успеаа да го намалат водството на А1 на 3-2. До крајот на натпреварот екипата на ТАВ го подигна темпото на игра и успеа да дојде до израмнување но не и целосен пресврт. Крај 4-4

Ван Хоол со сигурна игра до победа над Сава Осигурување

Сава Осигурување 1-4(0-2) Ван Хоол

Сава Осигурување: Данило Поповски 38’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’ 36’ Филип Белчовски 2’ Владо Здравков

Првото полувреме од дуелот помеѓу Сава Осигурување и Ван Хоол и припадна на екипата на Ван Хоол кои уште на самиот старт ја превземаа иницијативата и успеаа да се стекнат со предност од 0-2 до 7та минута. Екипата на Сава Осигурување се обидуваше со чести ротации на играчи да се врати резултатски во ова полувреме но не успеа во таа намера па екипата на Ван Хоол на полувреме замина со предност од 0-2. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување со сите сили се обидуваше да дојде до израмнувањ, но екипата на Ван Хоол со одлично поставена игра во фаза на напад и одбрана не остави простор за игра и залужено го доби овој натпревар со 1-4.

Еуро Табак преку Ливирински до победа над Водовод

Еуро Табак 8-5(4-1) ЈП Водовод

Еуро Табак: Филип Поповски 3’ Мартин Ливирнски 5’ 16’ 22’ 31’ 36’ 37’ Сако Јовановски 9’

ЈП Водовод: Стефан Вангелски 33’ Горан Николовски 25’ Стефан Лазарески 29’ Сашо Каровчевиќ 39’ Стојанче Ивановски 14’

Перфектен старт на екипата на Еуро Табак во дуелот со ЈП Водовод, екипата на Еуро Табак уште на самиот старт наметна високо темпо на игра кое екипата на Водовод не можеше да го прати па веќе во 9та минута резултатот на семафорот гласеше 3-0 за еуро Табак. До крајот на полувремето екипата на Водовод се обидуваше да стори нешто повеќе но расположената екипа на Еуро Табак не дозволи изненадување па на полувреме замина со предност од. Во вторто полувреме се продолжи со висок ритам на игра во кој екипата на Водовод имаше улогата на екипа која го брка резултатот па со чести ротации на играчи се обидуваше да створи вишо во нападот но екипата на Еуро Табак одлично ја постави играта во одбраната и рутинирано го приведе овој натпревар во своја корист со резултат од 8-4.

12 февруари 2020 - 08:48