Најголемите два спортски брендови ќе се рекламираат и во следните десет години на опремата на најголемите екипи од Серија А. Актуелниот италијански шампион од Најк ќе прави трансфер во Адидас, а Рома за прв во својата историја ќе се облекува во Најк.
Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ја начна мрежата во елитното италијанско фудбалско првенство. Тимот на Каљари славеше со 3:0 против Удинезе, а нашиот интернационалец асистираше при вториот и одлично се снајде во контра нападот по кој го матираше противникот.поставувајќи го конечниот резултат.
Рома доминира во Италија, ама не на табелата во Серија А, туку на табелата според висината на казните кои клубовите ги имаат платено заради испадите на нивните навивачи.
Италијанските клубови пазареа атрактивни имиња изминатото лето, најмногу во делот на нападот каде ангажираа врвни фудбалери од Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Сити, а нивната вредност ја споредија со луксузни предмети.
Во малата сала на арената „Борис Трајковски“ се одиграа уште три натпревари од петтото коло на Бизнис лигата на кои победи забележаа екипите на SISTINA, UNIQA и Montenegro.