БЛ 13-то коло (прв ден)

UNIQA немаше решение за голманот на Лукоил

Стартуваа натпреварите од 13-то коло на Бизнис Лигата на Македонија.

ЈСП со одлично второ полувреме до победа над МЕПСО
ЈСП 11-4 (4-3) МЕПСО
ЈСП: Тони Спасовски 2', 6', Марјан Србиновски 10', 27', Дејан Блажевски 12', 28', Давор Калиновски 21', 22', Ајдин Бекировски 29', 30', 36'
МЕПСО: Тони Честојнов 13', Ѓоко Јанакиевски 15', Борис Трајковски 20', Никола Несторовски 27'
Во првото полувреме се играше егал натпревар екипата на МЕПСО пружи достоен отпор не давајќи и на ЈСП да го наметне својот препознатлив стил на игра. Но затоа во второто полувреме ЈСП настапи со голман-играч и пред се со нивната подобра физичка подготвеност го сврте резултатот во своја полза за убедлива победа на овој натпревар од 11-4. Полувреме 4-3.

Македонски Телеком го искористи искуството за победа над Глобко Логистик
Македонски Телеком 3-2 (1-1) Глобко Логистик
Македонски Телеком: Агрон Пацоли 3', Михајло Лазаревски 27', Петре Велигденов 28'
Глобко Логистик: Александар Божинов 7', Мирсад Мујовиќ 34'
Уште во раната фаза од натпреварот екипата на Македонски Телеком дојде до водство од 1-0, но екипата на Глобко Логистик после само 3 минути го израмни резултатот. Потоа и двете екипи го зголемија интензитетот во одбраната играјќи доста остро, со што не дозволија да се дојде до изгледна ситуација за гол, што резултираше да се замине со 1-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком дојде до 2 гола предност која настојуваше да ја задржи, но Глобко Логистик успеа да намали за влез во интересна завршница во која сепак Македонски Телеком, пред се благодарение на искуството, го доби овој натпревар со 3-2.

UNIQA немаше решение за голманот на Лукоил
Лукоил 7-0 (4-0) UNIQA
Лукоил:Владимир Секулоски 8', Жарко Климкаров 12', Борче Василев 16', Љупчо Апостоловски 19', Дејан Зиков 24', 39', Васко Стефанов 37'
UNIQA: /
Екипата на Лукоил се покажа во извонредно светло вечерва во мечот со UNIQA. Имаа одлична поставеност во нападот и со добро воиграна тимска игра доаѓаа до чисти шанси за гол. Екипата на UNIQA се чинеше како да нема своја вечер, не можеа да најдат противигра пред се за голманот Марјан Цветковски кој беше во елемент и со перфектни одбрани ги сречи сите шанси за гол на UNIQA. Ваквата брилијантна игра екипата на Лукоил ја круниса со победа над фаворизираната UNIQA од 7-0. Полувреме 4-0.

18 март 2014 - 08:37