БЛ 13-то коло (втор ден)

Montenegro убедливо против ЕЛЕМ

Продолжија возбудувањата од Бизнис Лигата на Македонија со уште три натпревари од 13-то коло.

Dominos Pizza ги искористи грешките во одбраната на Општина Карпош
Општина Карпош 4-7 (3-3) Dominos Pizza
Општина Карпош: Стефче Митревски 8', Димитар Бадев 14', 20', Сулејман Сулејманов 36'
Dominos Pizza: Влатко Ангеловски 5', 17', 32', 40', Рубин Ангелевски 13', 37', Оливер Младеновски 40'
Крајно израмнет и неизвесен натпревар одиграа екипите на Општина Карпош и Dominos Pizza. Во текот на целиот натпревар се играше гол за гол и ниедна од екипите не успеа да оствари позначајна предност со која резултатски ќе се одлепи. Екипата на Dominos Pizza во второто полувреме искористи неколку грешки во одбраната на Општина Карпош, кои ги реализираше и заслужено дојде до победа на овој натпревар од 4-7.

One не го издржа темпото на Гранит
One 4-8 (2-3) Гранит
One: Илхан Алити 2', 25', Дарко Таневски 3', 38'
Гранит: Дарко Стојановски 2', 32', 33', Дарко Аралампиевски 5', 39', Ненад Ристиќ 14', Пепи Мицев 30', Кире Атанасовски 40'
Се играше доста офанзивно, и двете екипи во овој натпревар го имаа ставено акцентот на нападот. Уште во раната фаза од натпреварот (2') и двете екипи постигнаа гол со што наговестија дека ќе има мошне интересен фудбал до самиот крај на натпреварот. Гранит на полувремето замина со минимална предност од 2-3. Во второто полувреме беше евидентен заморот во екипата на One, со што падна и концентрацијата. Ова вешто го искористи Гранит, која дојде до предност, која екипата на One не можеше да ја анулира за да на крајот Гранит го добие овој натпревар со 4-8.

Montenegro убедливо против ЕЛЕМ
ЕЛЕМ 3-6 (0-3) Montenegro
ЕЛЕМ: Петко Бушески 32', Диме Милевски 37', Димче Димитријески 39'
Montenegro: Даниел Настевски 7', 14', Горан Новакоски 8', 24', Иван Билбиловски 22', Сашо Павлоски 39'
Одлично прво полувреме за екипата на Montenegro, која перфектно ги затвори сите приоди кон својот гол, не дозволувајќи и на ЕЛЕМ да развие добар напад. Својата добра одбрана преку контранапади ја круниса со 3 гола, како што впрочем се отиде на полувремето 0-3. Montenegro продолжија во ист ритам и во второто полувреме и од минута во минута само го зголемуваа водството, не попуштајќи во делот на одбраната, за да на крајот ја крунисаат ваквата игра со победа од 3-6.

19 март 2014 - 08:37