БЛ 5-то коло (втор ден)

Montenegro од 1 во 2 против One

Во малата сала на арената „Борис Трајковски“ се одиграа уште три натпревари од петтото коло на Бизнис лигата на кои победи забележаа екипите на SISTINA, UNIQA и Montenegro.

SISTINA најде лек за високиот напон на ЕВН
ЕВН 4-6 (0-4) SISTINA
ЕВН: Слаѓан Божиновски 26', Дарко Милошески 30', Зоран Цветановски 35', Бојан Маџовски 39'
SISTINA: Игор Ѓорѓиевски 3', 8', Александар Јаневски 6', 15', 40', Никола Трајковски 31'
SISTINA во одлично светло се прикажа во првото полувреме, користејќи ја играта на ЕВН со „голман играч" која им овозможи од секоја грешка во нападот на ЕВН да имаат изгледни ситуации за гол кои најчесто ги крунисуваа со погодок. Во првото полувреме стекнаа предност од 0-4. Во второто полувреме екипата на ЕВН влезе со голман на голот што вроди со плод и до 30' постигна два гола со што го намали резултатот на 2-4. Но немаше доволно сили да целосен пресврт и го загуби овој натпревар со 4-6.

UNIQA со перфектна реализација против Гранит
Гранит 3-8 (2-4) UNIQA
Гранит: Далибор Велковски 17', 18', Пепи Мицев 37'
UNIQA: Љуљзим Каштањева 9', 30', 36', Ибиш Мисини 13', 19', 39', Арбен Бајрами 14', Арбен Нухиу 31'
UNIQA во натпреварот против Гранит влезе значително засилена. Во своите редови го имаше повратникот во нивната екипа Љуљзим Каштањева кој внесе дополнителна свежина особено во делот на нападот. Кај екипата на Гранит се до 18' се чувствуваше мала летаргија во играта, но во 18' постигнаа два погодоци со кои фатија резултатски приклучок во натпреварот. UNIQA продолжи со добрата игра и во второто полувреме, не давајќи и на екипата на Гранит простор да се врати во натпреварот и го доби истиот со 3-8.

Montenegro обложувачки кажано 1 во 2 против One
One 3-4 (3-2) Montenegro
One: Марјан Лазаревски 10', 16', Самир Исеини 13'
Montenegro: Горан Новакоски 6', 11', Ивица Јанкоски 26', Даниел Настевски 27'
И двете екипи покажаа одлична игра во првото полувреме. Играа пресинг по целиот терен со доста агресивна одбрана. Екипата на One го искористи вишокот на играч и со еден гол плус замина на полувремето. Во вториот период екипата на Montenegro ги консолидираше своите редови, заигра во свој препознатлив стил и го доби овој натпревар со 3-4.

ПЕТТОТО КОЛО НА БИЗНИС ЛИГАТА НА МАКЕДОНИЈА ЗАВРШУВА ВЕЧЕРВА
Вечерва финишира петтото коло од есенскиот дел на Бизнис Лигата на Македонија. Натпреварите стартуваат во 19 часот и 30 минути. Еве ги шестте екипи кои вечерва ќе се натпреваруваат во малата сала на СЦ "Борис Трајковски":

Македонски Телеком - Arcelormittal 19:30
ЕЛЕМ - Глобко Логистик 20:30
Општина Карпош - ЈСП 21:30

Возбудата продолжува и вечерва, неизвесноста и адреналинот ќе бидат присутни до самиот финиш на натпреварите. Интересен фубал, квалитетна игра, неизвесен натпревар и добра навивачка атмосфера е она кое што со сигурност ќе го заокружи ова коло.

12 ноември 2013 - 22:40