Поранешниот прв човек на кампањата за Брегзит, Доминик Камингс, порачал дека Западот згрешил (употребувајќи еден многу посочен збор) со тоа што решил да ја поддржи Украина.
Европа сака да биде и зелена и конкурентна и коректна кон сите што живеат во нејзините граници. Моментално не само што нема пари за ништо од тоа, туку нема ни одговор од каде ќе се најдат истите.
Паралелно со јуначењето на Макрон со изјави дека ќе испраќа француски војници во Украина, Франција полека стана најголемиот увозник на руски гас во Европа. Само годинава земјата и има платено на Русија 600 милиони евра за природен гас.
Со работите какви што на денешен ден се на фронтот во Украина и на дипломатскиот фронт низ светот, опциите на Зеленски се меѓу лошо и бетер, пишува Вашингтон пост.
Само Северна Кореја многу поуспешно ги пополни руските залихи со артилериска муниција, отколку што сите неспоредливо побогати и поиндустријализирани членки на Европската унија успеаа да и се најдат на Украина во однос на клучната муниција на фронтот.
На прес-конференција по повод 2-годишнината од војната, украинскиот претседател за втор пат од почетокот на судирот го сподели бројот на загинати украински војници, и за дел од западните медиуми бројката во најдобар случај е спорна.
Украинскиот претседател го смени командантот на вооружените сили на Украина, генерал Валери Залужни. На позицијата на Залужни доаѓа досегашниот командант на украинските копнени сили, Олександар Сирски.
Запрашан дали има намера да го смени генералот Валериј Залужниј, украинскиот претседател одговара дека следуваат отпуштања на голем број највисоки украински функционери и дека се работи за „правец на раководење на државата“ а не само за смена на генерал.
Во Франција беа испратени оклопни возила да го заштитат пазарот во Париз за продажба на земјоделски производи на големо, во Брисел земјоделци опколија згради на ЕУ, Германија беше блокирана од трактори, а на протести се кренаа и земјоделци од Италија и Грција.
Украинскиот претседател се откажал од смената на генералот Валериј Залужниј, барем за сега, откако добил закана дека заедно со Залужниј ќе заминат и највисоките офицери на украинската армија.
Гледајќи го изгледот на украинскиот претседател последниов период, колумнистот на британски Телеграф констатира дека „уморниот Зеленски изгледа премногу слаб за да може да постигне победа.“
По неколкучасовна дебата меѓу украинските лидери околу отворањето преговори со Украина, германскиот канцелар му предложил на Орбан да излезе малку од салата, и ако сака да оди да пие едно кафе.
Наместо директно комуницирање со командантот на воените сили на Украина, генерал Валериј Залужниј, Зеленски одржува паралелна комуникација со првите луѓе на некои од украинските родови, како пешадија и авијација, пренесува Киев индепендент.
Украинскиот претседател станува автократ кој ја претвора Украина во авторитарна држава ништо поразлична од Русија, е критиката за Зеленски која доаѓа од првиот човек на Киев, градоначалникот Виталиј Кличко.
Кој што сака може да прави, само прво треба да реши дали ќе биде генерал или политичар е поздравот од Зеленски за највисоките офицери на украинската војска
По неколку успешни месеци спроведување на ограничувањето на цената на руската нафта, сега сите од ЈПМорган до Светска банка се помирени дека санкциите на руска нафта веќе не функционираат, сето тоа поткрепено со бројки кои покажуваат намалување на рускиот буџетски дефицит.
Еуроклиар, белгиската компанија што ги чува замрзнатите руски милијарди, објави дека руското купче пари од јануари до септември годинава се зголемило за 3 милијарди благодарејќи на покачените каматни стапки, што е околу 10 пати повеќе од истиот период лани кога сумата порасна за некои си 347 милиони евра.
Кремљ им наложил на сите руски државни медиуми да престанат да го ословуваат Владимир Зеленски како „претседател“ на Украина, објавуваат руски опозициски медиуми.
И покрај целата болка што ја предизвикуваат санкциите против Русија, вродената мана на кои било санкции е што овозможуваат сите пари на една земја да останат во земјата наместо да се исцедат од неа.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги обвини своите противници дека водат кампања за негово дискредитирање кое треба да заврши со оставка на функцијата.
Украинскиот претседател во разговор со Би-би-си објаснува дека имаат и доволно луѓе и доволно храброст да ја започнат очекуваната контраофанзива, ама сериозно им недостасува ветената помош од Западот која уште не е стигната во земјата.
„Големиот ризик“ со кој се соочува Европа е да заглави во криза што не е наша, порачал францускиот претседател Макрон во интервју дадено во неговиот авион на заминувањето од Пекинг.
Економските санкции стандардно со години носеа најголем ќар за Вашингтон во однос на средствата кои беа вложувани за нивно спроведување. Една година војна во Украина и санкции против Русија значително ја изменија оваа математика, не дека не удрија кај што треба, туку не го пишманија Кремљ.
Откако воведе санкции, ЕУ замрзна 300 милијарди евра руски државни резерви, и милијарди од сметките на други руски богаташи. Од тогаш ЕУ нема конечен став што ќе прави со парите и додека се труди да ги пофаќа сите краеви за сите членки да бидат задоволни и да гласаат за каков било план за трошење на руските пари, Естонија веќе се подготвува сама да почне со запленување руски пари.