Бројките доаѓаат од високи функционери од Сеул кои тврдат дека Пјонгјанг до сега и има испорачано околу 6.700 контејнери муниција на Русија, кои по нивни процени содржеле околу 3 милиони парчиња 152-милиметарски гранати.
За возврат за овие 3.000.000 гранати Северот од Русија добива храна, суровини и делови што се користат во производство на оружје. Храната била посебно важна за властите во Пјонгјанг за стабилизирање на цените на основните производи.
Наспроти оваа соработка која е негирана и од Русија и Северна Кореја, е една друга многу попомпезно и триумфално најавувана зделка во која ЕУ и вети на Украина, па со месеци не престана да се фали, дека во рок од една година ќе и испорача 1 милион парчиња од истата артилериска муниција. По нешто повеќе од шест месеци и со исполнети само 30% од обврската, ЕУ објави дека нема да може да ја испорача количината.