Динамо на „Максимир“ со Ристовски и Адеми го урна Милан, Реал на екскурзија во Брест

Стефан Ристовски и Аријан Адеми вечерва беа дел од тимот на Динамо Загреб кој оствари една од најголемите победи во клупската историја. Во Хрватска падна Милан а „модрите“ чесно се простија од понатамошната фаза на Лига на шампиони. Реал Мадрид лесно се справи со Брест, Интер лесно со Монако, Баерн со Слован а Баер Леверкузен со Спарта Прага.

Аријан Адеми играше од почеток и беше еден од најдобрите на теренот. Излезе од игра во 70-та минута кога од клупата за резерви влезе и Стефан Ристовски со други соиграчи.

Ова е една од најголемите победи во клупската историја на Динамо Загреб кој сепак испадна од Лига на шампиони иако освои 11 бода.

Лига на шампиони, 8. коло, резултати:

АСТОН ВИЛА - СЕЛТИК 4:2 (2:2)

БАРСЕЛОНА - АТАЛАНТА 2:2 (0:0)

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН - СПАРТА ПРАГА 2:0 (1:0)

БАЕРН МИНХЕН - СЛОВАН БРАТИСЛАВА 3:1 (1:0)

БОРУСИЈА ДОРТМУНД - ШАХТАР ДОЊЕЦК 3:1 (2:0)

БРЕСТ - РЕАЛ МАДРИД 0:3 (0:1)

ДИНАМО ЗАГРЕБ - МИЛАН 2:1 (1:0)

ЖИРОНА - АРСЕНАЛ 1:2 (1:2)

ИНТЕР - МОНАКО 3:0 (2:0)

Манчестер Сити со подобра гол разлика до плејоф, ПСЖ го исфрли Штутгарт

29 јануари 2025 - 22:53