Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Екс Југославија в петок бојкотира маркети

29 јануари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во Македонија се загрева иницијативата за бојкот на големите маркети в петок, придружена со лавина про и контра ставови околу идејата.
  • Кај нас се покрена таа иницијатива откако Хрватите минатиот петок масовно се одзваа на повикот за бојкот а овој петок ќе го повторат истото.
  • Српската организацијата „Ефектива“ повика на бојкот за четири ланци маркети за кои се смета дека манипулираат со цените а најави за бојкот има и во Босна и Херцеговина и Словенија. 
  • „Јас имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема. Од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Институциите, пазарниот инспекторат ја следат состојбата и навремено реагираат“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

извор

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

5 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Милијардерот и технолошки магнат Питер Тил го обвини папата Лав XIV дека делува како „кинески комунистички агент“ застапувајќи се за регулирање на вештачката интелигенција во неговата серија предупредувања и предвидувања за иднината на вештачката интелигенција и западната цивилизација.
  • Ко-основачот на Пејпал и Палантир предупреди и на опасност од „социјалистички преврат“ во Демократската партија на САД.
  • Питер Тил беше еден од првите кои го поддржуваа Доналд Трамп а беше и ментор на кариерата на ЏејДи Венс.
  • Смета дека со тоа што бара меѓународна регулација на вештачката интелигенција, Папата се става во служба на кинеските интереси. 
  • Во есеј од 2009 година, Тил напиша дека слободата и демократијата не се компатибилни а дека женското право на глас ја направило „капиталистичката демократија“ оксиморон. Ја финансираше кампањата на Халк Хоган против Гавкер (по која медиумот банкротираше) зашто го пишуваа дека е геј.  

извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
2

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
3

Музеј на современи вазали

Македонштина
4

Вимблдонска утопија

Мешано
5

Одбери ја својата криза на средни години

Мешано
6

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
7

Кога Гугл несакајќи ќе ти го документира животот

Видео
8

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
1

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
2

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
3

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

4

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Разно
5

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

6

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Свет
7

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

8

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Битола го има Свежио

Маја форевер

Кевин Спејси е невин

Модата е слепа

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy