- После еден добро прифатен бојкот и најава за втор утре, хрватскиот ланец Конзум најави снижување и заклучување на цените на околу 250 домашни производи.
- Се работи за производи кои не се опфатени во најавената одлука на Владата за ограничување на цените.
- Конзум се обврза дека намалените цени нема да ги менува до први јуни, освен ако не реши дополнително да ги спушти.
- Намалувањата на Конзум во просек изнесуваат 10% а на некои производи и до 30%. Ланецот дуќани за оваа иницијатива решил да одвои еден милион евра.
- Првичните резултати од анализите на месните производи се уште позагрижувачки и кај нив отстапувањата од пропишаниот квалитет се многу поголеми во споредба со млечните производи, вели Светлана Колариќ од Агенцијата за храна и ветеринарство.
- Биле земени 46 мостри од месни производи (сувомеснати производи) а кога анализите ќе бидат конечни, Агенцијата ветува дека имињата на сите производители и оператори кои го прекршиле законот ќе бидат јавно објавени.
- „Потрошувачот мора да биде информиран кога некој му ја нарушува довербата со лажни декларации,“ вели Колариќ.
- Претходно, македонската јавност беше вознемирена од анализите на млекото и млечните производи во кои наспроти декларираната содржина, биле најдени растителни масти.
- Не треба тоа да чуди ако се знае дека последниве години, во Македонија рапидно расте увозот на палмино масло и млеко во прав. Види во: Пиеме палмино млеко во прав.
- Полицијата во Цавтат уапсила тројца млади македонски државјани кои по градот лепеле налепници „со кирилична содржина.“
- Дечките се на возраст од 23, 25 и 26 години, со дозвола за престој во Хрватска а налепници со различни димензии ставале на сообраќајни знаци и патокази, канти за отпад и инфо-табли „во толкава мерка што ја изгубиле целта и намената.“
- Да ни е да знаеме што пишувало....