Нашиот свет е во хаос, и ние сме сред хаосот. Од терористичкиот напад на Хамас врз Израел се соочуваме со нова димензија на омраза во нашата земја - против нашите вредности, демократијата и против Германија, пишува Билд во воведот на својот Манифест за Германија.
Откако парламентарната дебата околу клучните пензиски реформи почнаа да ја тераат на пијано, па тоа веднаш се претвори во бараж на навреди и изливи на емоции, Франција е на памет дека народните пратеници можеби треба да бидат трезни бар додека се во парламентот.
Украина може треба да и заблагодари на Германија што не и прати тенкови, откако од 18 тенкови ангажирани за една воена вежба во Германија сите 18 биле „капут“.
Бројот на имигранти што влегуваат во Франција севкупно има негативно влијание на колективниот живот во земјата, порачува поранешниот прв човек на Генералниот директорат за надворешна безбедност, француската ЦИА, Пјер Брошан.
Невообичаено е светот да ѝ бере гајле на хиперпродуктивната Германија, која и овојпат се перчи испорачувајќи купишта муниција на фронтот во Украина. Војната е (се чини) далеку, а Германија (се чини) нема намера да пука. Сепак, германскот Бизнис Инсајдер открива дека земјата е тенка на муниција и дека во претстојниот период ќе треба многу повеќе да се потрудат околу своите залихи.
Една од најопасните дебати што почнува да се отвора во Германија не е ни за Русија, ни за родови, ни за екологија, ни за нуклеарни централи, туку е за пензија, и како би сакале да се пензионирате на 70 години?
Од почетокот на следната недела се покачуваат платите на германските парламентарци и еден дел од Владата кој го вклучува и германскиот канцелар Олаф Шолц.
Речиси два месеца Германија нема испратено никакво позначително оружје во Украина, а во исто време Полска обвинува и дека им ги немаат испорачано и Леопард тенковите кои требаа да ги заменат тенковите што тие и ги пуштија на Украина.
Кандидатката на Националниот собир (претходно Национален фронт) која минатите избори во втор круг изгуби од Макрон, сега не може да ги собере потребните потписи за кандидатура на изборите.
Капсулата на Мерк имала слаби резултати на тестовите па Франција се откажува од набавка на терапијата, и сега се крстат во решението на Фајзер, чии први резултати треба да бидат готови кон крајот на јануари.
Франција е главниот губитник откако без ниту едно испукано торпедо заврши со загуба на подморници од 90 милијарди долари, како колатерална штета во битката беше начнато и НАТО каде се очекува повредата и проблемите од неа допрва да метастазираат, навидум како победници излегоа САД, Австралија и Британија, а целиот судир само дополнително ја накостреши Кина.
Околу 30 германски војници се отповикани од воените вежби во Литванија заради обвинување за расистичко и антисемитско однесување, надополнето со сексуално насилство.
Кога дознава како на француските сточари им ја вадат душата за ситни пари, бизнисменот Никола Шабан почнува да прави пари на нивната мака, и за него, и за нив.
Откако Франција беше извадена од памет од видеото со средношколец како со пиштол и се заканува и ѝ мавта пред очи на својата професорка, обидот за смирување на јавноста се сведе на - се шегуваше младичот.
Извештајот на германското сојузно министерство за социјални прашања покажува дека за комплетниот систем за социјална заштита во земјата минатата година биле платени 965,6 милијарди евра.
Конгломератот во чија сопственост е брендот Вител, е обвинет од жителите на градот Вител дека претерал со флаширање на водата од локалните извори заради што нив ги оставил без вода.
Британските власти одбиле да им помогнат на Французите во истрагата за перење пари и даночна измама од страна на британскиот телеком гигант Лајкамобајл. Причина - Лајкамобајл е „најголемиот корпоративен донатор на Конзервативната партија“ и дава пари во труст основан од Принцот Чарлс.
Откако паметно и вредно ја искористија индустриската револуција за да набилдаат предност на светската сцена, на денес најбогатите земји им текна дека главното гориво на таа револуција, јагленот, не е баш добар ни за нив за панетава. Заради ископите на јаглед, рурската област е спуштена за 25 метри.