Минатата година во земјата се продадени 1,46 милијарди бургери, наспроти 1,22 милијарди багет сендвичи. Разлика од речиси 250 милиони примероци.
Поразот за француската гастрономска сувереност и гордост е уште поболен ако се има предвид дека во последниве 10 години се случува трагичен пресврт на штета на багет сендвичот. Статистиката покажува дека пред една деценија Французите јаделе 14 пати помалку бургери од денес.
„Jambon-beurre е француска традиција. Меѓутоа Французите денес се излудени по бургери. Секаде можеш да ги најдеш, од сендвичари до ресторани со Мишелин ѕвезди,“ објаснува за Би-би-си париски консултант за ресторани.
Две интересни статистики покажуваат дека: хамбургер има на менито на барем 85% од француските ресторани и дека само 30% од хамбургерите се продаваат во сендвичари.
Рецептот за сендвичот е следен:
- француско лепче
- путер
- шунка (не баш таа во црево)
Состави.