Четири натпревари - четири победи е учинокот на ракометарките на Вардар на последните дуели од групната фаза во ЛШ каде фатија залет за борбите во четвртфиналето.
Во 11 коло од Бизнис лигата на Македонија, прво во пролетниот дел, УНИКА освои бодови против ЈСП, ЕВН И ФАКОВ одиграа без победник, а средбата меѓу ЕЛЕМ И МЕПСО е одложена.
Ракометарките на македонскиот шампион вечерва во Романија го совладаа тимот на Букурешт со 30:25 и го обезбедија третото место во главната фаза кое носи извесно полесен противник во четвртфиналето.
Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Германија против лидерот на Бундеслигата Рајн-Некар со 28:27 и првпат после четири меча против овој противник со спуштени глави го напуштија паркетот.
Прекин на серијата од три порази, борба за подобар пласман во групата и задржување на формата пред паузата. Голем влог за дуелот против Колдинг на кој Раул Гонзалес ќе мора да игра без неколку стандардни првотимци кои се повредени.
Ракометарите на Вардар го претрпеа четвртиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите откако во Полска одиграа натпревар далеку под своето ниво. Поразот од три гола разлика е достоен со оглед на лошата игра на тимот на Гонзалес.
Вардар загуби со минимални 31:30 на гостувањето кај европскиот првак Барселона, која на тој начин го презеде првото место во групата од Скопјани. Кире непрепознатлив со осум промашувања, Горбок постигна девет голови за Вардар. Реваншот во Скопје на 22-ри ноември.
Македонскиот шампион приреди вистински спектакл за публиката во Јане Сандански која гледаше и уживаше како Вардар го толчи ланскиот должник од кој беше елиминиран во четвртфинале. Штербик се надмина себе си.
По двата тесни порази од само еден гол разлика, ракометарите на Металург ќе се обидат да се рехабилитираат со победа пред своја публика против Баја Маре која во недела гостува во Борис Трајковски.