
Дербито на колото во салата Блауграна во Барселона започна со 1-минутно молчење во чест на жртвите на терористичкиот напад во Париз синоќа.
Барса тргна фуриозно и во првите пет минути делуваше како фудбалската секција на ова спортско друштво. Со трите голови на Тунижанецот Ваел Жалуз, Каталонците брзо поведоа со 5-1 по што реагираше тренерот на Вардар, Гонзалес и повика тајм-аут.
Со погодоците на Горбок и Карачиќ, Вардарци некако се разбудија после почетниот шок и во 13. минута семафорот покажуваше гол предност за Шпанците (9-8). Доволна причина околу 100 Комити да се распеат и да ги надвикаат 5.000-те домашни навивачи. Навивачите на Вардар на овој меч допатуваа со автобус.
Капитенот на Македонија и најдобриот стрелец на Барселона во Лигата на шампионите, Кире Лазаров имаше невообичаени 0/5 со промашениот пенал кој Штербик му го одбрани на средината од првиот дел. Неефикасноста на Кире ја надоместуваа Раул Ентрериос и Тунижанецот Жалуз кој после 14 минути имаше неверојатни 6 од 6.
Штербик не бранеше од игра, но фати два седмерци (на Лазаров и Јиха) и му овозможи на неговиот состав да го оддржува резултатскиот приклучок и негативата од два гола. Од друга страна, неверојаниот репрезентативец на Тунис Ваел Жалуз погоди седум голови од седум удари и беше најзаслужен за тоа највисоките 4 предност на Барса на пет минути пред крајот на првиот дел.
Феноменалниот Жалуз постигна гол од фаулот за домашните во последната секунда преку целиот жив ѕид на Вардар и ги постави конечните на полувреме 16-13.
Жалуз беше нерешлива енигма и со својот 12-ти гол (10 даде вкупно на претходните четири меча) се обидуваше резултатски да ја одвои Барселона, но Матјаж Брумен, Тоскиќ и Горбок на другата страна не дозволуваа пад на концентрацијата на Вардарци.
Жалус беше прв стрелец на мечот со 12 голови, а Перез Варгас запиша 12 одбрани. Голем удел во победата на Барса имаа Ентрериос со пет голови и Сипшак со четири. Кај Вардарци, Сергеј Горбок најефикасен со девет погодоци, Тоскиќ додаде четири, а Матјаж Брумен три. Штербик имаше 13 одбрани (2 пенали).
Следната недела, Барселона ќе гостува во Скопје на 22. ноември за кога се очекува пеколна атмосфера во СЦ Јане Сандански.