Во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, Вардар имаше четири голови предност на три минути пред крајот, но Висла Плок успеа да дојде до реми 30:30, резултат кој му дава големи шанси на Вардар за четвртфинале.
Вардар загуби со минимални 31:30 на гостувањето кај европскиот првак Барселона, која на тој начин го презеде првото место во групата од Скопјани. Кире непрепознатлив со осум промашувања, Горбок постигна девет голови за Вардар. Реваншот во Скопје на 22-ри ноември.
Во сабота од 17:30 часот во дербито на Лигата на шампионите ќе играат лидерот во групата Б и лидерот во германската Бундеслига, Вардар и Рајн-Некар. Горбок четири години играше за германскиот состав и најдобро ги познава.