Мундијалот во Катар, прв во овој дел од светот и прв во историјата кој ќе се игра во ноември поради огромните температури преку лето, ќе биде чуден за многу навивачи кои ќе допатуваат да ги бодрат своите земји.
На пример, знаеме дека рок-бендови сенешто смислуваат по турнеи. Раскажувале и групис за тоа. Но, не сме знаеле, на пример, дека Стивен Тајлер и Џо Пери фатиле и двајцата срамни вошки после секс во четворка.
Арми Хамер и мрачната историја на неговото семејство се тема на специјално издание на Дискавери+, што ќе искористи „богатство од архиви и интервјуа со преживеаните и членовите на семејството“.
Редит е толку корисна работа. Се собираат жени под еден пост, „Што ви е најкористен хак во животот како жени?“ и создаваат една нишка полна финти што те тераат да речеш „како не ми текнало порано?“
После години молчење за нејзината врска со пејачот Мерилин Менсон, Еван Рејчел Вуд се отвори не само со изјави, туку и со документарен филм во два дела со наслов Phoenix Rising. Тврди дека пејачот ја силувал на снимањето на спотот за Heart-Shaped Glasses, и сега фановите бараат да се симне.
Истрагата на БиБиСи откри нови докази за коруптивните зделки што го создале богатството на Роман Абрамович, чиј имот од пред неколку дена е замрзнат заедно со Челси. Се работи за два случаи со две нафтени компании. Едната во време на Елцин, другата кога дошол Путин.
Општеството перпетуира идеја за моногамно и хетеронормативно „среќно засекогаш“ - мултимилионска индустрија застапена во 80 проценти од филмовите и сериите што ги конзумираме, а во реалноста - имаме работа со многу сингл свет.
Кендис Бушнел навистина е Кери Бредшо - писателката опседната со чевли е нејзино алтер-его во оригиналната „Сексот и градот“ колумна што ја пишувала во Њујорк Обзервер во ’90-те. И да, имала и реална „Саманта“.
Заврши „And Just Like That…“, барем првата сезона (уште не ни кажуваат дали ќе има втора), и се сумираат мислења. Некои се однесуваат и на диверзитетот од ликови, па колумнистката од Дејли Мејл, Меган Меккејн посочува на претерување и глумење лудило. Екипата од серијата, се разбира, не се согласува.
Во понеделникот имаше нова епизода на „Тајните на Плејбој“ и излегоа многу непријатни тврдења за Хју Хефнер и наводните гадости што се случувале во куќата Плејбој. Поранешната девојка на Хефнер, Сондра Теодор се отвори за нејзината петгодишна врска со него и го нарече „чудовиште“.
Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој веќе пар сезони е меѓу подобрите стрелци во нападот на екипата и игра за репрезентацијата на Англија е уапсен од полицијата во округот Голем Манчестер поради пријава за силување и нанесување тешки телесни повреди на девојка му.