Ти го мислиш најголем талент на Манчестер Јунајтед, тој да ти бил психопат

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој веќе пар сезони е меѓу подобрите стрелци во нападот на екипата и игра за репрезентацијата на Англија е уапсен од полицијата во округот Голем Манчестер поради пријава за силување и нанесување тешки телесни повреди на девојка му.

Во неделата, девојката на Гринвуд, Хериет Робсон на Инстаграм стори објавила потресни фотографии на кои се гледа како ѝ крвари скрешниот нос и огромни хематоми на рацете, нозете и лицето. Во едно стори таа пишува: „За сите кои сакаа да знаат што Мејсон Гринвуд на крајот први со мене“.

Тоа не е сè, девојката објавила и аудиозапис на кој се слуша гласот на Гринвуд кој грубо ја присилува да имаат секс. 

Девојката подоцна ги тргнала сторијата на Инстаграм и сите информации поврзани со неа од профилот, но подоцна објавила фотографии.

Хериет и фудбалерот на Манчестер Јунајтед раскинале пред неколку месеци и ги тргнале сите заеднички фотографии од своите профили на Инстаграм. Аудио записот кој го објавила Робсон е снимено на 22 октомври.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО ОТСТРАНИЛ ФУДБАЛЕРОТ ОД ЕКИПАТА

Прво Јунајтед реагирал внимателно со соопштение: „Нам ни се познати настаните и тврдењата кои кружат по социјалните мрежи. Ние нема ништо да коментираме додека уште не се востановат фактите. Манчестер Јунајтед е против насилство во каква било форма“. 

Подоцна клубот пуштил уште едно соопштение во кое објавува дека го отстранил Гринвуд од тренинзи и натпревари на неопределено време.

КОЈА Е ХЕРИЕТ РОБСОН?

За девојчето не се знае многу. Она е родена во Бредфорд од каде што потекнува и фудбалерот на Манчестер Јунајтед. Учеле во исто школо со Гринвуд и веројатно таму се запознале. Со Мејсон почнала да се гледа од 2019-та година уште додека учеле заедно.

Хериет важи за инфлуенсерка, активно го води профилот на Инстаграм на кој има нешто близу 700.000 следбеници. После последната објава со потресни фотографии добила преку 17.000 коментари, воглавно со поддршка од цел свет.

ТАТКО Ѝ КАЖАЛ ДЕКА И ТЕЛЕФОНОТ Ѝ ГО СКРШИЛЕ

Зборовите на Алан Робсон, таткото на девојчето се појавиле на сајот Daily Mail, но подоцна биле избришани:

„Ниту еден татко не сака да дознае дека нешто слично се случило со ќерка му. Полицијата е во тек, Хериет веќе даде изјава. Таа кажа дека и телефонот и го скршиле. И кажавме да се оддалечи, но кога таа веќе го направи тоа беше доцна.

Она е под притисок зошто не сакаше се ова да излезе јавно на интернет. Го знаеме Гринвуд уште од неговите настапи за младинците. Он беше дел од нашето семејство 2-3 години. Во последните месеци нивниот однос не беше најдобар и таа е просто скршена поради сето тоа“, рекол таткото на девојчето.

НЕ Е ПРВПАТ ГРИНВУД ДА ПРАВИ ПРОБЛЕМИ

- Во септември 2020-та година Мејсон Гринвуд и Фил Фоден од Манчестер Сити за време на гостувањето на репрезентацијата на Англија во Исланд, викнале неколку локални девојки во нивниот хотел, го нарушиле карантинот и строгиот протокол за играчите во време на пандемија. Селекторот на Англија Герет Саутгејт ги избрка играчите од репрезентација за мечот со Данска а исландската полиција ги казнила парично со по 1.360 фунти.

- Веднаш после тој скандал во репрезентацијата, The Sun објавил видео на кое се гледа како Гринвуд вовлекува таканаречен „гас за смеење“ (азотен оксид) којшто предизвикува ефекти при испуштање глас.

- Во ноември истата година The Athletic пишал дека Манчетер Јунајтед е незадоволен од системските нарушувања на режимот на Гринвуд во клубот. The Times додал дека на еден тренинг Бруно Фернандеш му се дерел на Мејсон Гринвуд зошто не внимавал дури ни на спаринг натпреварите меѓу играчите во Манчестер на тренинг и запнувал со цела сила во жестоки дуели од кои некој можел да излезе повреден.

Сезонава Мејсон Гринвуд игра стандардно. На 24 меча во сите натпреварувања (1.700 одиграни минути) има 6 гола и две асистенции. Во јануари, The Athletic пиша дека неколку млади фудбалери на Манчестер не можат да најдат заеднички јазик со Кристијано Роналдо. Не им се допаѓало како ја критикува младата генерација која надоаѓа.

Мејсон Гринвуд, како полнолетен сега се соочува со затворска казна до 5 години за домашно насилство и за силување од 4 до 7 години. Но се зависи од степенот на деото, обвинението би можело да стане многу посериозно.

Клубот во таква ситуација би можел да раскине договор со него а и спонзорите би тргнале по таков пат.

Ова не е прв ваков случај. Во затвор веќе неколку месеци се наоѓа фудбалерот на Манчестер Сити Бенжамин Менди кој беше најскапо платено засилување на клубот а кого лани најмалку пет девојки го обвинија за силување и физички напади. Сити со него го раскина договорот а тој веќе отслужува затворска казна.

31 јануари 2022 - 09:05